побрза св.

побрза (св.)

84. Додека сѐ уште чадеа илинденските пожари, бугарската влада навистина побрза да го испрати конзервативниот политичар и државник, туркофил и русофоб Григор Начович (1845-1920) во Цариград за да се погаѓа со Турција за правата на „Бугарите” во Македонија, а не да им дозволи на Македонците самите да се појават како фактор на преговарачката маса за сопствените интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Туку, побрзај со адетите… Стори што е редно, та младите да си легнат.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
МАРА: И, како било, да ти дадеме. Досега пиеја маживе пак рекоа да го фрлам, да побрзаат да каснат пак да излегуваме. Кате, донеси го пагурчето!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Владееше тешка пладневна тишина, само откај реката ветерот ја донесуваше вревата на младинците, како да сакаше да го потсети да побрза.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И кога најпосле на Трна ѝ се разболе и последната надеж, Пецето, — тој побрза да ја исплаши дека свети Илија толку се разлутил на неа што не ја дава нивата за манастир, та ете и последното пиленце ќе и го прибере.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
И кога дедот Стале го скрши и ова кандило за да го свети Илија пак да седи во темница седум дена, тој побрза и ноќта ја „доведе“ лисицата пред манастирската порта и тука, „потфатена“ од сите четири нозе, ја налегнаа пците и со кожата ги плати кокошките, а дедот Стале му нареди на Стојка да кладе веднаш чаша во кандилото и да му го запали рано пред вечер, оти свршил работа, го накажал арамијата што ги украде кокошките.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Јатрва ѝ Митра, која цела година гледаше кај мава Доста, побрза со задоволство да ѝ соопшти дека попот отишол кај Жиовчеви со услов да и венча децата кога ќе потпораснат.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Го грабна буклето од кладенецот и побрза до патчето кон нивјето.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Танасица остана така стаписана едно време и полека сфати дека не ѝ останува ништо друго освен да побрза да му каже на мажот што се случило.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ќе слезам од воз и ќе побрзам низ село до куќата на Капсула. Патот ми е познат, и по слики, и по мириси, и по звуци.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ми се загледа в очи и со крик што не беше посилен од криците на пауните се потпре со грб на полусува црвенолисна бреза, стана стебло, побрза да пушти жили во земјата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој побрза да се стави на чело на својата голема ордија, која се готвеше да ја нападне австриската престолнина Виена.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Побрза, пред таа да одговори со збор или со солзи: „Сеедно.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Зататни воз... Старицата побрза долу... - Добар ден, нано!... О, колку е внимателен. Синот... Син.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мануш го стискаше списокот во влажните дланки и ги криеше очите за да не го предадат. „Да“, рече и побрза кон вратата не можејќи да се совлада и самиот нешто да не каже.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Побрзај, те молам... Ја тргна пак гласот на Драган. Сашка како да се исплаши, затрепери.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го виде раѓањето на градските светилки и се сети на една крчма во која како крв шумеше бела ракија. Побрза наведнат и исклештен како вепар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Знаејќи зошто го вика пашата, Тозлун-бег побрза да му се јави.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не биди луд. Побрзај и уживај ја жената макар и по задача и не грижи се.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Што ме гледаш така? Побрзај.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Повеќе