пласне св.

пласне (св.)

Колку што малку видуваа, толку многу мислеа. Со никого не се мешаа;секогаш кога ќе можеа претпочитаа да се пласнат некаде на дното на ровот и така со часови да молчат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сликарот се затетерави, се пласна наземи.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Долу кал, горе мокри пасамка. Колосеците чиниш пласнати во калта.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Боге пласна со опачината по водата, божем во ракоплескање, но веднаш ги смири веслата на знак од Фоте да запре.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)