писателски прид.

писателски (прид.)

Романот започнува со конвенција, со сликата на писателската агонија пред празниот лист хартија, а замаец на новиот ракопис станува моментот кога селото останува без вода заради еден од типичните транзициски ликови, криминалец со политички врски.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како да бев препуштен на мојата писателска вокација, продолжувајќи некаков роман во себе со многу живи, директни ликови во брзото движење во процесијата на животот, во делот кој ми беше зададен...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За мене априорен чин е дипломатската мисија, писателската мисија тешко се предвидува.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа структура авторот ја трансформира во возвишена уметничка претстава со својата природна чувствителност и писателска реч.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Страста кон пишувањето ја пројавува уште од мали нозе во своите споменарки и детски песнички, меѓутоа, официјално и посериозно својата писателска кариера ја започнува во 2005 година на свои дваесет години кога го напиша својот прв роман со наслов „Читај ми ги мислите“ кој го објавува неколку години подоцна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Умре човекот во чии писателски талент не верувал ниту татко му (банкарски чиновник), иако ги собирал сите позитивни критики што излегувале во весниците за неговите творби.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Наеднаш, тие излегуваат на патот по кој врви писателската фела и прават гужва во сообраќајот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи