писателка ж.

писателка (ж.)

- Кога ќе излезе твојот роман, ти ќе бидеш писателка?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Откако слушна дека сум писателка, младата Њујорчанка заинтересирана за „Источна Европа“ прашува.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога неговата животна сопатничка, познатата писателка Симон де Бовоар (Simone de Bauvoire) телефонирала во болницата неколку часови по земањето на дрогата и прашала како се „забавува“ Сартр, тој ѝ одговорил дека штотуку води загубена битка со дијаболична риба и дека има многу непријатни доживувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Феминистичките писателки како Luc Irigaray и Helne Cixous повикуваат на авторизација на автобиографското односно субјективното: „Испишете се себеси. Вашето тело мора да се чуе.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Лејди Мери Монтагу беше славна писателка, а кога постхумно се објавија нејзините писма, тие станаа класично дело.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога ја здогледаа писателката како брза кон училиштето, Томе и Темјана со отворени чадори се стрчаа накај неа: „Мили мои, да не сум доцна?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
По телефон се договорија со писателката Ката Мисиркова - Руменова да ги посети в четврток во 11 часот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Рецитаторите и литератите подготвија извадоци од творбите на писателката што ги изучуваат во наставата по мајчин јазик: Топлата прегратка на Гоцевата мајка, Ѕидовите на Пела, Милосија, Водоскоци, Скалила.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
1. Драга Асенета, Вие можеби имате волшебни црни очи кои фрлаат мирисни погледи околу себе, можеби зад себе сеете скапоцени сенки и можеби мочкате колонска вода, како што рекла една писателка, но тоа нема да Ви помогне да станете јунакиња на оваа книга.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Маргерит ЈУРСЕНАР (1903–1989), Франција Француска писателка со светска слава. Романсиер и раскажувач, есеист. Прва жена член на Француската академија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Затоа имаме различни антологиски избори и претставувања на расказот, на пример како: класичен расказ, реалистичен, фантастичен, сосема краток мини расказ, модерен, поточно модернистички расказ, постмодернистички расказ, расказ на жени писателки и др.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ама, и Пепелашка од нигде никаде станала принцеза... а јас се разбудив и прво посакав, а потоа и сама поверував дека ќе стојам позади мојата тезга како продавачка, со мојата книга како писателка...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)