пик (м.)

Ме памтиш? Возев нов црвен форд ескорт. Сите тогаш возеа канти. Ми го удри пикот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ти реков, сум чул дека Турцине сега пик му имаат на Свети Ѓоргија-Горг.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И покрај сѐ Марковски – кој зад себе веќе имаше добиено еден судски спор против истиот свој работодавач и поради тоа беше земен „на пик“ – упорно продолжи да оди на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Г-ѓица Гаван ќе биде среќна. Отсекогаш ѝ го имаше пикот, особено пред муштериите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)