отпосле прил.

отпосле (прил.)

Неговиот труд и подвиг ги почитуваме и слични пофалби нема кому да упатиме, па иако отпосле светна, сепак надмина сѐ, како и Деница, која иако огрева најпосле, со својата светлина ги облева сите ѕвезди кои имаат сончева светлина.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Дури отпосле, од твојот разговор со Методи, ја разбрав вашата намера: вам ви треба човек што ќе го изврши убиството и ќе ви овозможи вие да останете неоткриени - човек што ќе умре, по извршениот атентат, од вашата рака и што ќе продолжи да ви служи, онака како што ќе посакате!
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Она што го определуваше сегашниот негов однос, дојде дури отпосле, во овие неодамнешни години, и продолжуваше да ја длаби провалијата до овој врнежлив ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
32. ГЛАСОТ Е ПОБРЗ И ОД ВЕТЕР - не в пустина, а меѓу маж и жена, ветерот тука отпосле ја мете прашината гласот што ја кренал...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
- Татенцето сигурно не очекуваше ваков одговор, колку отпосле разбравме лудост бил секаков одговор, татенцето не претпочиташе неговите потчинети да имаат свој одговор.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Планот му бил да овега, на Партениј, и тоа отпосле се дозна, кога ќе бидат готови, соѕидани општината и училиштето, да дојде во Потковицата и ако не се согласи Максим милум и за поткуп, со сила да ги освети пред да го стори тоа некој егзархиски свештеник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Срамежливите ќе заиграат со него, па иако сето тоа име се чини будалесто, отпосле не чувствуваат никаков срам.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Таму, на главната улица, забрмчуваат првите утрински ГСП автобуси: од останатата бучава ги одделува тврдоста на почетниот звук, па карактеристичното тропање отпосле.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но ако го подбереш со клоца, ќе се скрие зад некое ќоше и отпосле вреска.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
СЛИКА: ДЕДО МУ АВРАМ Ковчесто лице со испакнати јаболкца, изразито четвртаста вилица, поврзана со горната со еластични мускули, чиниш како отпосле да е додадена, така што при џваќањето му се спушта подолу од вообичаено, но тоа не се забележува од густата брада; забите прошарани со по некој златен заб, како што ги топел прстените и ги преселувал на нив; со нив прегризува сѐ што ќе му притреба: нокт, конец, или да отреши јазол; кога луѓето ќе му заблазнеа на златниот блесок на забите, ќе им речеше: „Кога по смртта ништо не ќе остане од мене, по нив ќе ме препознаете...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но тоа секогаш се случува отпосле.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мајка ми еднаш ме праша кој знак во хороскоп е Мила и јас тогаш не знаев да ѝ одговорам, но отпосле дознав дека е Риба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа гледаше во мене стрештено, разочарано, и јас дури отпосле дознав дека Луција била згрозена од мојата одроденост; тогаш ме праша зарем не ми се допаѓа старата македонска народна песна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го прашав што ќе чиниме отпосле, откако ливчињата ќе бидат украдени, и зарем не се плаши дека логотетот и царот можат да ги најдат при нас и главите да ни ги отсечат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нему му беше сеедно. Отпосле сфатив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во болницата не ги растоварувале еден по еден туку ја превртувале количката и сите паѓале на земја и отпосле ги одбирале кои биле ранети а кои мртви.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Знам, вели таа од другата страна на оградата што ја одвојува градината од уличката, знам, ти не беше со булукот бегалци, отпосле се јави со ова китче во рацете и со овој чувар крај себе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Перса се обидуваше да ја разблажи таа болка, отворено ѝ зборуваше Златна на мајка, кога нешто се посипува со пепел отпосле не се распретува таквата пепел!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Може се променил. Затоа земај му ги зборовите за точни дури отпосле.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Разбирливо, таа пред мене не проговоре за синот, а и јас, дури откако заминував од Долнец се сетив на приказната за него: дека ги напуштил студиите, заминал од дома и веќе не се јавил, и дека дури отпосле дознале дека, со уште едно момче од групата што, под водство на еден млад свештеник, била воведувана во православното учење, се придружил кон манастирот Св.Тројца, преку границата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Повеќе