откорнатик м.

откорнатик (м.)

- Откорнатик! - свикува тој и го бара бастунот за да фрли.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но многупати знае и да побесни од лутина и да вреска по мене: „Откорнатик! Антихрист!“ - замавнувајќи со стап и со коприва по нозете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Затоа можеби и бев понекогаш екстремен во свои­те размисли за верата: или радикално го отфрлав постоењето на Бога или, во време на несреќи, кога ги губев најблиските од семејството, кога животот ми ја немаше смислата што би ја имал со нив, дури бев готов да ја проколнувам судбата што останав верски откорнатик...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој му се восхитуваше на новиот пријател, белиот откорнатик Игор Лозински, за храброста да го продолжи животот кога судбината го стори голем губитник.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Само големите и силни откорнатици ги чувствуваат внатрешните преливи, нијансите на самувањето, само тие ја имаат моќта да ја скротуваат, да ја потиснуваат длабоко, длабоко во душата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Гита го жали: во пролетниот календар на гибелта, некогашниот прв човек на заедницата, сега само странец во еден голем ориентален град што никогаш наполно не го прифати за свој, поранешниот главен рабин и претседател на општината на Салоника ги брои писоците на локомотивите што ги најавуваат транспортите на живи луѓе, откорнатици со извесна дестинација, но и неизвесна судбина.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Наблизу пиштат локомотивите со новите транспорти на живи луѓе со истоштени лица, најчесто со згаснати погледи и пресушена болка на откорнатици, луѓе што брзо, веќе навежбано се товарат во добиточните вагони кои поаѓаат проследени со пискотите на жените, викот на уплашените деца, занемените мажи, воздишките на средовечните, шепотливите молитви на старците пристиснати во своите први, подвижни ќелии, на луѓето што од страв се измокруваат во својата облека, на децата што несвесни за ужасот кој ги обзел нивните семејства, бараат простор за игра, во вагоните тргнати за далечната Полска во кои има едвај место за стоење.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Цветот што прв ќе ороне, треба по секоја цена повторно да расцути, ама тоа е како новороденчето да го враќаш назад во утробата на мајката, како откорнатикот да го засадуваш во родината.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)