остроумен прид.

остроумен (прид.)

Како мудар остроумен набљудувач, таа ги погоди вистинските зборови на вистинско место.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Таквата склоност се легитимира со „острумниот“ талент што не се чувствува врзан за класичниот канон.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Веќе во прологот, Тесауро изјавува дека надарениот со остроумност се разликува од плебеецот; таквиот најнапред раздвојува а потоа спојува.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Што е тоа вистински поет, се прашува хуманистот conte e cavaliere di Gran Croce don Emanuele Tesauro (1591-1667.) во своето, денес веќе заборавено, монументално дело, со за тоа време мошне прецизниот наслов: Аристотеловскиот двоглед или идејата за остроумно пишување... објаснето според принципите на божествениот Аристотел (објавено во Џенова 1654; до 1682 осум изданија).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Ах, каква мрскост! Но сепак, јас се радувам; вие нема да ми верувате Клиневичу, нема да поверувате какво отсуство на живот и остроумност имаме овде!“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Божествената мудрост на мудрецот му се дава низ симболи и остроумни енигми.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Прилично остроумно за прцле од седум години, а?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ние Македонците умееме, ќе можеме да влеземе низ таа врата – ако треба со заби ќе ја отвориме, со остоумноста наша, така што рацете и нозете треба многу малце да сработат, како послушни извршители, активиртаниза целосно дејствување во овој меѓу – период.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ги земаат предвид само сопствените претстави за остроумноста; и кога бараат нешто скриено, се повикуваат само на начините на кои тие би го скриле.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Татко им Таки беше убав човек, со руса коса и долги светли, негувани подвиени мустаки, со сини очи и оштроумен поглед.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кога зборуваше, зборовите му беа толку интересни, толку многу проткаени со вистинска страст, остроумни, промислени, страшно духовити, поразителни за противниците, вдахновени за пријателите, премногу добро умееше да зборува за сѐ што воопшто би можеле да помислите дека ќе...! А тој сепак ќе го стореше тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Малкумина од книжевните теоретичари му дозволуваа во проектите начинети од реч и цвеќе (антологиите) да оди рамо до рамо со крупните српски раскажувачи и романопишувачи и да ја шири аромата на остроумната мисла.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Го избрав театарот. На македонскиот театар му е потребен некој кој со остроумните решенија ќе го хуманизира, ќе го елитизира, ќе го естетизира, ќе го морализира...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Откако знам за себе, постојано сум се восхитувал на остроумните решенија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тука се во право само доколку нивната остроумност верно ја претставува и остроумноста на толпата; но кога лукавоста на престапникот видно се разликува од нивната, се разбира дека ќе бидат изиграни.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)