опира несв.

опира (несв.)

ДАРА: (од умиление може само со глава да му потврди. Се поприбира и се опира на него.
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Попусто Бошко се опираше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но нивните румени прсти ѝ се опираат смрзнати и нејаки и слаби црпејќи последни сили во топлиот сон за зелено
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Се опираше и чекаше. Од подотвореното око не потече солза.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се опираше. Не, никако, мислеше. Никола не може да е ист и мртов како што беше жив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Не ми веруваш... - се опира тој. - Па ти бладаш, драги мој.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Попусто е човек да му се опира на тоа што станува и што треба да стане и да ја бара чистотата на својот убав сон во средствата на остварувањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се опирав, но таа ме крпеше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ги собирам колениците во ќошево каде што сум седнат, опирајќи се да не слушам, па продолжувам со пишување.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Таму, како да му се опират на невремето, цветаат хризантемите. Ѝ велам на Билјана: - А хризантемите, а?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Долго ја гледаше карпата. По неколкупати ја испитуваше со погледот, се допираше до неа, ги опираше рацете на неа, како да сакаше да ја навали.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Крајезерските врби како да ги благословил господ: растат со корењата згора над земјата, како прсти од раширени педи, како корали разметкани на сите страни, впуштајќи се најмногу кон езерото, пикајќи ги во него ситните главички на своите завршоци и не делејќи се од него како цицалчиња од мајка си; оние коренчиња што се од другата страна и што не достасуваат до езерото, се нуркаат во сувата песок, се извиткуваат како црви, и така во грч умираат и се сушат; покревките при згазнување пукаат, се кршат, а поцврстите се превиткуваат, се опираат, се чипчат, чиниш, некоја невидлива сила им дава моќ и им го крепи животот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И веќе нема опирање, пребирање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Копал ту со едната ту со другата предна нога и се опирал со задните во подготвување да се пропне.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ама и тој не ѝ се опираше долго на смртта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас се опирам и ги тресам снегулките, ја прскам жената в лице.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Војниците најпрвин со влечење или со туркање ќе го истргаа бикот од шталата кој се опираше со нозете, како да знаеше дека оди на колење, и откако со мака ќе го довлечкаа до дрвото, ќе го врзеа со водилото за стеблакот за да не им бега, а потоа со јаже ќе му ги изврзеа нозете за да не прета, ќе повлечеа на јажето и ќе го кутнеа на земја.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ме фати и ме сврте. Се опирав, но таа ме крпеше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Според Рајт, еден од главните разлози поради кои Витгенштајн ѝ се опира на интенционалистичката претстава, е тоа што таа ја предизвикува веќе споменатата тешкотија „regressus ad infinitum”; имено, тоа што се мисли дека правилото е „во умот”, не објаснува како се нашло таму, бидејќи проблемите на препознавањето што правилото од некого бара, не се разрешуваат, смета Витгенштајн, со самиот факт што тоа е „во умот”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Цел живот му се опирав на лошиот дух. Го чувствував. Живеев со него и дење и ноќе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Повеќе