одлучувачки прид.

одлучувачки (прид.)

Самиот секако не би можел да ⥊ припишам толку големи и толку одлучувачки потенцијали.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Напротив, тоа непосредно нè доведува до темелните проблеми кои одлучувачки го обележуваат општествениот живот и историскиот момент на Хрватска.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Затоа се барало од мисиите да ги известат локалните команданти за „горното и нагласете го крајниот ефект од Ratweek и значењето на целокупното ангажирање во овој одлучувачки момент“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
При таа средба Маклин сосема отворено ја истакнал убеденоста дека партизаните по војната “ќе бидат одлучувачки фактор“ во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Одлучувачката битка меѓу Помпеј и Цезар се случила во Тесалија кај местото Фарсала во јуни 48 г.пне.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Одлучувачката битка меѓу Атина и нејзините сојузници Теба и некои други градови-држави се одиграла во 338 г.пне. кај Херонеја во која Филип II извојувал победа.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во ова прилично големо претпријатие работеа околу 250 вработени, а самата структура во фирмата беше поставена строго хиерархиски – однапред се знаеше „кој e кој“, а одлучувачкиот фактор беше директорот, којшто истовремено беше и газда на компанијата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)