одделение ср.

одделение (ср.)

Назад врата за во предното одделение.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Во први клас се запишиаа сите ученици што завршија лани четврто одделение, меѓу кои прво беше Толето на Бојана Жиовката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Учебната година помина. Крсте го заврши и третото одделение со одлична оценка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крле сврши четврто одделение и веќе беше „слободен граѓанин".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе ги ставам рацете на грбот ќе се прошетам низ собата и ќе викнам: “Бошко Стојчев ученик од второ одделение е одличен. Најдобар е во одделението“.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Денес учителката пак го пофали пред цело одделение и рече дека тој ѝ е најдобриот ученик.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сите ученици од одделението ги извадија своите блокчиња и ги ставија врз клупите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И сите слушаа: Оној ниеднаш не излегол на улицата без едно одделение борци за лична охрана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Едно одделение од оние борци во англиска, или германска, или италијанска, или измешана од сите униформа, со шмајзери на градите, одело секогаш околу него, едно одделение партизани, штотуку слезени од шумата, по пустите голомразни улици на таа есен, кои во вечерите се исполнуваа со митинзите, баклјадите и демонстрациите, а во другото време оној се шетал низ тие улици и ретко кога излегувал без својата охрана, без тие добри, наивни борци, ослободители, со долги коси одзади, со реденици, оние што се фотографираа сосе шмајзери по црвоточните фотографски работилници, а нивните фотографии мрзнеа по излозите, избоени со мастилави бои, вплетени во некакви срца, или излепени на џепните огледалца, оние сѐ уште со крпени петокраки на капите, што имаа најразлични и најнеобични форми, оние со изрезбарените петокраки на кундаците и со толку решки во дрвото, колку непријатели секој од нив убил, едно одделение такви борци, поредени од сите негови страни, а тој во средината, натегнат и голем, плештест и црвен во вратот, широк и мирен во чекорот, со неколку пиштоли и слични тракатанци, додека луѓето наизлегувале на прозорците и тоа да го видат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Така тргнаа. Беа завршиле до второто одделение и за потаму немаа учител, значи можеа да заминат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаете, тој оди во четврто одделение и, речиси, пред цели три недели престанал да ги тегне мачките за опаш.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Потоа учениците влегоа во своите одделенија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Размисли малку за ова... Размисли и за твоите постапки и однесувања со другите деца во одделението.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Пред војната завршив четврто одделение - одговори Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Молчеа и другите во одделението.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Четвртиот е Анѓелко. Го викаме скратено Ѓеле. Тој е единствениот во одделението што седи со девојче.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Сигурно не мислел дека и во трето одделение ќе седи во истата клупа! - дофрли некој.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Колибата ја сочинуваа две одделенија, надворешно, мошне пространо, со сосаци и амбари покрај ѕидот, во кои се сместуваа житото, компирите, кромидот, а по диреците на клинови висеа торби во кои можеше да се најде грав, просо, лук, брашно и други потреби.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Да го заврши и последното одделение од основното училиште.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Најмногу го тревожеше мислата дека ќе треба да пука, та истрелот ќе го открие и ќе си има расправија денеска со целото потерно одделение.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе