одбивен прид.
одбие св.

одбивен (прид.)

ЛЕНА - Држечка старица со јасно изразени нобл манири која на извесен начин делува одбивно. Во основа благородна.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Или тоа е свесен протест, чија сурова симболика е очигледна? - се прашуваше новинарот, од малата фотографија во горниот лев агол од текстот, што и покрај дебелите очила и насмевката, или токму поради нив, делуваше одбивно.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И кога ќе легнеше да спие, и ноќницата што ја носеше под расото, ѝ беше исто така долга за да не ѝ се види белата кожа на телото, која веќе ѝ стана одбивна и ја гледаше со преѕир.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кај Кејџ отсекогаш постоела нагласена одбивност кон сето душевно наметливо, кон сите субјективни преломи на стварноста што ја извртуваат нејзината изворност и ја ставаат во функција на нарцизмот и приватната патологија на оној кој го произведува делото и на оној кој го прима.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Старата левичарска одбивност спрема владеењето на редот и законот сега е соочена со сопствената вистина што се манифестира во Босна и Србија, кадешто локалните воени поглавици без надзор пљачкосуваат, убиваат и си ги суредуваат приватните сметки.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Винстон почувствува одбивност спрема неа уште при првата средба. Причината ја знаеше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој се прашуваше дали одбивноста потекнува само од минатото, или пак е инспирирана од неговото поднадуено лице и од солзите што ветрот постојано му ги притискаше во очите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше само брз поглед, полн со презир и одбивност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Келнерчето послуша со очигледен израз на одбивност кон гостинот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А можеби, најпосле, зад оваа таканаречена гадлива издржливост се криеше гнасен и одбивен мазохизам? Крај. Немаше книги.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тој ден од сѐ ми се гадеше, од водата и храната, од моето тело, од зборовите, и од воздухот, што со некаква одбивност го вдишував во тенки голтки и брзо го испуштав, и чекав колку што можев подолго до следното вдишување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оваа појава тешко можеше да се објасни, освен со култната поврзаност на луѓето кон овие зборови кои не сакаа да ги менуваат, покажувајќи одбивност кон латинската генеза на зборовите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
(Сигурно, возможно е да се обопшти овој феномен на луѓе што не се геј- мажи, бидејќи сите во еден или во друг миг почувствувале дека голем број од гламурозните по кои желувале се над нив, недостапни, па дури и дека чувствувале одбивност; но барем хетеросексуалците не чувствуваат дека предметите на нивната љубов им се категорично недостижни, бидејќи спаѓаат во погрешниот пол, што е токму она што го доживуваат геј- мажите).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А ако машките геј- возачи пројавиле склоност кон фолксваген голф и кон форд проуб, како што се тврди, тоа е така затоа што – како што тоа еднаш го срочи еден мој особено надарен стрејт- студент, упатувајќи на една од оние популарни формулации во кои сексуалните и родовите норми на нашата култура си добиле најјадровит и најрезок, иако одбивен, израз – тоа е така затоа што, вели, тие автомобили се „коли за пички“.330* ‌Па, тогаш, што има да се прави таква мистерија од логиката на машката геј- култура?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дека секој геј-маж ризикува да го отелотворува одбивниот, презрен лик што потајно истовремено го плаши и каков што верува дека е?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)