ограбувач м.

ограбувач (м.)

Хористите, со и без маски, грабаат од кошарата и танцувајќи по ритамот на блузот, со уживање ги гризат јаболките. таа во кадата или чинот на капењето како ритуална вертикала мојата пријателка ужива во решавањето еротски криенки низ антиката гилгамеш и енгиду ахилеј и патрокло како топли браќа незаситноста на хачепсут само (за) доволноста на хиполит ноншалантно како дома си влегува во неизмерната живост на паганските олимпи го бакнува кастор во левиот полукс во десниот образ со сибила ги претресува најновите пикантерии мислев се работи за умешност научена од библиотеката од таткото универзитетски професор по математика дека едно попладне не видов како се капе како си игра со сапунот по кожата силно возбудувачки сепак наивно така црномурестата египетска божица си играла во нил со младунчето хипопотам миноската голограда девојка со острите рогови на бикот дијана со шумските извори сосема лесно можев да ја префрлам во персеполис атена картагена нинива меѓу бадемовото млеко гулабовите очи јасминовиот цвет сокот од лилјан босонога ќе стапне меѓу нив во насмевката нитрага од исклештениот грч на дојденката најскриените катчиња на висечките градини се отвораат пред неа мокра сфинга сред куќните змии ограбувачите на пирамиди светите писма лавиринтите сиот си се вжештил ми вели не е тоа секс одговарам тоа е мит и влегувам во кадата есента веќе ги пожолти градските улици или фотоапаратот како детектив
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Ритмично уфрлам pop-corn во уста и ненаситно го голтам своето четиво: тука можам да дознаам дека Elvis Presley е жив, за тоа впрочем, сведочи жупникот Sam Beatty; дознавам дека Gary Cormier изградил подморница во својата гаража; дека Claude Marquezy, ограбувач на банки убиен пред неколку години, и понатаму ограбува како дух оставајќи им ги своите отпечатоци на немоќните полицајци; дознавам за мртвите домашни галеници кои се враќаат дома како духови;
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Одамна отрпнати на ветерници во душите си ја носиме во зборовите и болката, и името, секогаш макар за влакно пред стрвот на ограбувачите на умни мисли и набабрени ѕвезди.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)