обврзе св.

обврзе (св.)

Но кога е веќе обврзан да одговори на едно од најчувствителните прашања – за посебноста на својот творечки опит, мене ми се стори дека е најприродно тоа да се направи посочувајќи на некои од поинтересните теоретски стојалишта за поезијата и посебно назначувајќи ги оние кои му се поблиски, поприемчиви.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тоа не го прави зашто е обврзан со формалности: не е свикнат да го бараат на друго место освен на паркиралиштата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но во замена за тоа, покрај со воени давачки (носителот на титулата спахија да учествува во воени походи, плус да опремуваат еден војнички шатор, двајца коњаници и тројца пешооди) ги обврза и половината од приходите на Потковицата, во вредност од 94.000 акчиња годишно, нему да му ја даваат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Секој спахија од Потковицата беше обврзан да вооружи еден коњаник и двајца пешооди, па така до Потковицата во поход на Маџарско заминаа дванаесет млади потурчени хрисијани, четворица коњаници и осуммина пешооди.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имено, во царството постоеше закон кој ги обврзуваше сите спахии, зависно од имотот, да спремат војници и да ги испратат во царската војска, која, таа есен, презеде, којзнае по кој пат, поход на Маџарско.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
БАРБОШИН: Има прашања на кои јас не сум обврзан да одговорам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кој е тој анонимен диктатор на моите мисли, со кого јас, со силата на потписот се обврзувам да ги делам неговите чувства, да ги преземам како сопствени (не треба да се потцени тука димензијата на потписот како гарант), па станувам негово шизофренично алтер его?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ќе изумев да ви речам дека доколку се покаже прескапа работата врз изградбата на паралелните патеки за јагулите, Партијата ќе ја обврзе државата да се донесе закон Дирекцијата да најде средства за обезбедување на подмладокот со дотур на јагулчиња од водите на братските социјалистички земји.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Земанек седеше на своето место; очигледно, и покрај сите физиолошки потреби за сон, што обично се викаат мамурлак, тој беше совладал еден физиолошки закон; на тоа го обврзуваа редот, поредокот, општеството.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас гледав во формуларот: на него беше составен еден ужасно патетичен текст, во кој најгоре, на почетокот, стоеше: „ЈАС“ (подоцна многу размислував за значењето на заменката „јас“ во партискиот и општествениот живот, воопшто), „Потресен и огорчен од она што се случува денес со здравиот народен дух и народната уметност, која е обесчестена, пристапувам кон Партијата на здравиот народен дух и се обврзувам дека дење и ноќе ќе работам на поткревањето на тој дух до степен на усвитеност, дека ќе му ги вратам часта и достоинството и дека...“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Седнав на масата над оној бел лист хартија што ме обврзуваше, што не смеев да го напуштам и да ја прекршам мојата нема заклетва на верност, и бавно и болно зедов да го пишувам пак она што веќе го спомнав, а кое божем секако треба да биде запишано: “Утрото станав и побрзав кон бунарот за сега денски, спокојно, на болскотот од сонцето, да видам како се мрешка водата и како мојот лик се топи во тие нежни бранчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Заклетвата обврзувала да му служат на едно дело чии принципи за нив, биле, во основа, неприфатливи и не сакале да се борат за нивното реализирање.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Истите зборови на обврзување, ветување, поучување, насочување кои ги повторуваше и тој, за да потврди дека навистина, и во добро и во зло, и во болест и во здравје, ќе остане со жената која тогаш ја донесе во оваа иста катедрала.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но мене тоа воопшто не ми пречеше. Неговата лојалност кон работата предизвикуваше дури и чувство на сигурност. Добиена телеграма од шефот на државата со порака до новиот шеф на државата обврзуваше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Чувството дека ве чита шефот на државата, пред кого катадневно пристигнуваа стотици телеграми од сите страни во светот, не само што храбреше, но и обврзуваше да се одржи довербата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ова, последново, пак, го обврзува законодавецот да формулира прецизни, недвосмислени и јасни норми – бидејќи само таквите норми можат да претставуваат солидна основа за законито постапување од страна на судските органи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во овој оддел ќе ја спомнеме и одредбата од измената и дополнувањето од декември 2008 година со која работникот кој ќе стапи на работа без договор за вработување се обврзува веднаш писмено да го извести надлежниот инспекциски орган во врска со ова (чл. 2, ЗИДЗВОСН/дек.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сите права, обврски и одговорности на вработените работници новиот работодавач е должен да ги обезбеди најмалку за една година, односно до истекот на договорот за вработување, односно колективниот договор којшто го обврзувал претходниот работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
4.  Со договорот за закуп [locatio conductio rei] се обврзува закуподавецот да му предаде определен предмет на закупецот на употреба, а овој се обврзува за тоа да му плаќа определена закупнина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако изрече раскинување на договорот судот, на барање од другата страна, ќе ја обврзе страната што го барала да ѝ надомести на другата страна справедлив дел од штетата што ја трпи поради тоа (чл. 122, ЗОО – rebus sic stantibus).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе