нуркач м.

нуркач (м.)

Кога ли еднаш ќе се сврши Ноќва без шум и звук на ѕвона (Таа е шкољка сета сонна и нема нуркач да ја скрши) Ти црна ѕвездо зошто трепкаш колосана со мртва смеа (Ги срони сонот сите клепки и еве пак сум сам пред неа)
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Тоа му напомнува на оној удавеник што го извадија нуркачите во пристаништето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
по заодот или за видливиот флуид во меѓучовечките односи ...ако нежноста и грубоста се раѓаат од ист збор тогаш ние сме минувачите ноќната ламба постелината сликите хартијата слободно можат да се избришат просторот е доволно определен со четирите ѕида прозорецот заклучената врата во било кој град во било која ноќ се наоѓаме во таа соба во тие соби преплетени како во дивите приказни секогаш топли секогаш повредени секогаш еден од друг и кога сме во спротивните агли на оградената одаја... сонливата утеха на а-молот или тактилното искуство како поттик за блесочни автопроекции ...задоволството при ненадејниот премин од дур кон мол порано често доловувано во моите импровизиации на отворен и во затворен простор без напор како при сплот на вода и воздух кај еуфоричниот нуркач и сега...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
И шатки и канадски гуски и нуркачи, сите ги растегаат своите слогови долж попладнето, обесувајќи ги покрај нејзиното лице како новогодишни декорации.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ars poetica кога го опеваш не го спомнувај морето, туку кажи делфин кажи алга, кажи блуз или за морепловците, потонатите ’ртови јодот и струјата зборувај за солта, нуркачите, светилниците за галиите, фосилите, коралите за одронувањата, песокта, реумата за ритамот за матката за бродоломците за капаците на прозорците, кристалите и авантурите, морските болести и трговијата на свила и бело робје за капетаните последни што умираат за проститутките кои не се надеваат...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Под муренката лазат едночудо приказни за распнатите едра на љубовта и за потонатите лаѓи и ги подучуваат новите нуркачи како да го допрат дното на историјата.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)