ноншалантен прид.

ноншалантен (прид.)

ЛИЦА САЗДО - Крупно мажиште, средна возраст; во железничка униформа, ноншалантно облечен, често распетлан; питом карактер, природно интелигентен.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Хористите, со и без маски, грабаат од кошарата и танцувајќи по ритамот на блузот, со уживање ги гризат јаболките. таа во кадата или чинот на капењето како ритуална вертикала мојата пријателка ужива во решавањето еротски криенки низ антиката гилгамеш и енгиду ахилеј и патрокло како топли браќа незаситноста на хачепсут само (за) доволноста на хиполит ноншалантно како дома си влегува во неизмерната живост на паганските олимпи го бакнува кастор во левиот полукс во десниот образ со сибила ги претресува најновите пикантерии мислев се работи за умешност научена од библиотеката од таткото универзитетски професор по математика дека едно попладне не видов како се капе како си игра со сапунот по кожата силно возбудувачки сепак наивно така црномурестата египетска божица си играла во нил со младунчето хипопотам миноската голограда девојка со острите рогови на бикот дијана со шумските извори сосема лесно можев да ја префрлам во персеполис атена картагена нинива меѓу бадемовото млеко гулабовите очи јасминовиот цвет сокот од лилјан босонога ќе стапне меѓу нив во насмевката нитрага од исклештениот грч на дојденката најскриените катчиња на висечките градини се отвораат пред неа мокра сфинга сред куќните змии ограбувачите на пирамиди светите писма лавиринтите сиот си се вжештил ми вели не е тоа секс одговарам тоа е мит и влегувам во кадата есента веќе ги пожолти градските улици или фотоапаратот како детектив
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Ноншалантно извадете го писмото од ковертата и прочитајте ја последната желба: „Го заветувам своето тело за напредокот на кулинарството“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Ах, вие мора да сте…,“ рече таа, и со изразот на лицето, со еден ноншалантен гест со раката, покажа дека Рајнер ѝ има спомнато за мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој подлец изгледа го имаше веќе здогледано наближувањето на непријатностите па сепак, во огледалото, со чудна ноншалантност си го бришеше со белата мека крпа измазнетото лице , а потоа не го прескокна и она долго размачкување на помадата по образите и по челото без да стори ниту еден неприличен гест, или барем да побрза и да ми се тргне од пред очи, како што постапуваше многу често.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Поминуваат деновите, доаѓаат ноќите, тонат во инфинитет, пуштам тивка музика, легнувам на стариот кревет ги затворам очите и заспивам со истата ноншалантна рамнодушност со која се разбудив.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Момче, да те прашам нешто: ти со шо се занимаваш? Шо работиш?“ праша газда Таки заинтересирано, но со извесна леснотија и ноншалантност во гласот, префрлајќи го десниот лакт позади потпирачот од столицата на која седеше.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И која сум јас, како перзистирам, а околу мене ескалира оваа ноншалантна, патогена човечка рамнодушност, вициозност, расипаност, порочност, го живеам ли својот живот, ќе почуствувам ли евтимија и етернален спокојот на сопствената умирачка.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На сериозноста на започнатата тема настојуваше да ѝ даде ноншалантен и шеговит призвук.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тогаш се сетив кога ноншалантно, како на некој квиз си го заокружував Политичкиот смер на картонот од приватниот универзитет.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)