неуставен прид.

неуставен (прид.)

Конечно, примерот на СР Југославија е посебно интересен, бидејќи станува збор за држава чиишто највисок правен акт (Уставот, донесен на 27 април 1992 г.), според мислењето на водечките југословенски стручњаци за уставно право (проф. Павле Николиќ, на пример) всушност е неуставен.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Оваа одредба е на работ на неуставноста, бидејќи се коси со чл. 58, ст.1 од УРМ дека „сопственоста и трудот се основа за управување и учество во одлучувањето“ и за неа ДСП Ленка планира да поднесе претставка до Уставниот суд на РМ! 42 4.  Погрешно утврдена фактичка состојба постои кога судот некој решителен факт погрешно го утврдил, односно кога не го утврдил.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со ваквата измена повторно се нормира и законски се прави достапно вработувањето без јавно огласување (укинато со ЗИДЗРО/авг.08), малициозна практика која ја намалува транспарентноста и достапноста на отворените работни места, која со својата нова законска формулација чекори на работ на неуставноста (чл. 2 од ЗИДЗРО/фев.13) ;19 б) Одредени промени настанаа кај објавувањето на огласот за обезбедување на потреба од работник.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)