непце ср.

непце (ср.)

Клинците на алката ѝ се збуцаа во непцата и ѝ го раскрвавија јазикот; железото зачкрат под незините заби.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Продолжи првин со одење, во кое имаше и демнеење на мигот, во кој таа и би се вратила, а кога човекот немаше со што да фрли, таа зеде пак да се шиба огромна и блиска, каква што беше, за да можеш да ги здогледаш и црните српови од ноктите на нејзините шепи, за да можеше да го видиш секое превиткување на тупата болка во нејзините скокови, за да можеш да ги видиш и нејзините крвави непца, за сето време испуштајќи некакво подмолно завивање, полно со една ужасна, здржана, придушена бол, а Змејко, кој уште на првиот нејзин чекор знаеше дека ќе мора да отстапи, сега, кога она завивање нараснуваше во некакво ужасно стенкање кај она ѕвере, готово да расчешне сѐ, што ќе му се најде на патот, го сети дивиот ветер како го подига угоре и како го урива во провалијата под неговите петици и расплакан и сосема совладан тој отстапи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Околу неговото тело се препашуваше една врела обвивка и тој ја гаснеше неа со по една рака од тој пепелав снег; студенината на снегот просто го испечуваше по јазикот и по непцата, а по оној кус миг, додека тој се растопуваше, овозможувајќи ѝ некакво задоволство, во устата пак му остануваше една уште потврда корупка жед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го заплиснуваше со сите изглодани мрши и со сите свои соништа, она обезличено суштество на три нозе, кое просто цвичеше, сонувајќи за тоа свое очекување, лижејќи ги неговите стапалки во снегот, при што носалките му се собираа и му се грчеше неговата остра муцка, а притоа од таму доаѓаше и некое на прв поглед ќе речеш презриво, шеговито мрморење низ полузатворени очи, потсветнуваше едно чудно здрава белина на неговите очници, обвиткани во розовоста на неговите непца.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Црвец лази во јалова вода, небото лигаво залепено за непцата, ни ваму, ни таму.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
А месата, непцата изгорени околу забот. Се кинат. Немам место за илач.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Што ја собираш устата, како круша печена. - Разлабавени ми се непцата. - Крпи и трпи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И непцата им се раскрвавуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Марш, скоту еден, вика, му се закрвавуваат непцата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислам дека пепел ми паѓа од непцата, жежок талаш, пилевина, којзнае што.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Букавичи, му се гледаат забите, истргани од непцата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се налапаат алчниците и ќе се растурат оторбешени, на сите страни носејќи ја на непца и во црева чумата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А и со попот нешто се случувало: со млака 'рѓовита вода од преварен вртипоп си ги исплакнувал до вчера крвавите непца и учел нови молитви оставени во книга од некој покоен Јоаким Крчовски или од некој народен учител со слично име што и калем на овошка признава и длабочина на ораница советува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Изморен, со чувство дека е отфрлен, заборавен, избришан од дружината, болниот паѓал со тил на тврдото лежиште и останувал со отворена уста додека едно од многуте јазичиња на стравот му го лижело разголеното непце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Книгата во која оживуваат и бајката, и фотографијата, и уживањето на непцето, и допирот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Знаете, кога бев мал, чевларите од кожа на ајкула и непце од штука правеа ѓонови за зимски обувки.... Заради голомразиците... Некогаш...“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мајка му, често, кога ќе немаше млеко, го носеше по млади доилки во селото да цица, а некогаш го ставаше и под коза да цица за да му јакнат бузите и непцата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Патникот сѐ уште на непцето ја чувствува лутината на халапењос (се пишува со „ј“ на почетокот и капичка над „е“), зелени мексикански феферонки што ги проба попладнево кај Луис Алфонзо.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Оној ден што почнува со: „Каков срам и врз нив и врз мене, и врз нашата слобода, независна, неврзна држава...“ би можел да биде цитиран во целост, до крајот на пасусот, само да не е толку долг, а забелешката која следи: „се наведнаа, зедоа по една кисела слива, си ги закиселија непцата и скиселени исчезнаа“ се ретки примери на блескава иронија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Првин ја дотера главата со набрчканото чело, потоа подвиснатите образи, па брадичето, ушите со звуците во нив, свитканите веѓи, шарата врз успуканите усни и на нив зборот што не го беше иустил, горчливиот вкус на непцата, сјајот во очите загледани во небото со занес и некако гордо,достоинствено, а потоа и погледот онаков каков што му прилега на човек упатен кон Вечноста.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе