неисплатен прид.

неисплатен (прид.)

Согласно ова, во побарувања од повисок исплатен ред спаѓаат нето плати, придонеси од плата за пензиско и инвалидско осигурување и надоместоци за периодот од последните три месеца пред отворањето на стечајната постапка; обештетување за повредите при работа кои што работникот ги претрпел кај должникот, како и за професионални заболувања и неисплатени надоместоци на платите за времетраењето на неискористениот редовен годишен одмор за тековната календарска година (чл. 117).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако биде вработено на неопределено време невработено лице кое е корисник на паричен надоместок во случај на невработеност, тогаш работодавецот може да биде ослободен од плаќањето на придонесите, но само ако не ја искористи поволноста од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност да му биде исплатен неисплатениот дел од паричниот надоместок на невработеното лице кое е вработено (чл. 73, ЗВОСН).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со враќањето на работа, тој исто така се стекна со право да ги побарува неисплатените 16 плати, за периодот додека беше незаконски отпуштен.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Да бидеме попрецизни, неговото тужбено барање беше делумно усвоено и „Охис Пласт М“ како работодавач – во рок од осум дена од правосилноста на пресудата – требаше да му исплати сума од 96.515 МКД (1.580 ЕУР) на име неисплатени плати за периодот 2006–2008 година, зголемена за законската затезна камата – под страв од присилно извршување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, и тука работодавачот потфрли при почитувањето на работничките права па, освен неисплатените придонеси во ФПИОМ, не му исплати ниту испратнина, за што Авдиќ повторно тужеше и иако има добиено судска извршна пресуда, таа сѐ уште не е испочитувана и сумата не му е исплатена.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)