нафталин м.

нафталин (м.)

Мириса на нафталин, на маслинки, на риби, на масло.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Ги најдов во стариот сандак.“ Таа помириса. „Воопшто не мирисаат на нафталин. Како да се сосема нови.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мајка му, исто така сериозна и уште повеќе надмена, која како невеста си ја донела секогаш заклучената касела (од која кога ќе ѝ се подигнеше капакот избиваше еден стар и тежок здив на нафталин) и по сите килими во куќата не оставаше да се стапне со чевол, ами со чисти чорапи на измиени нозе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Меѓу зимските алишта што ги чуваше мајка му здиплени лете под нафталин на дното од креденецот, го пронајде својот омилен сив џемпер, продрснат од носење и закрпен на лактовите, па го оддипчи и сосе нафталинот во него ги завитка цокулите и така стуткан го пикна во раницата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)