натега несв.

натега (несв.)

Подобро да не се натега повеќе со него, си рече, туку со арно да го мавне од манастиров.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во ВЦ-то се задржа долго, заради стомачните проблеми, а и затоа што му беа досадни собраниските натегања.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ајде, не натегај се, тркни до главниот влез. Вратата ќе биде отворена.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Така без причина се натегавме и каравме околу тоа. Двајцата бевме нервозни по природа и често знаевме да се инаетиме и пречкаме за глупости.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога Александар по кратко натегање со својата срамежливост ѝ го побара заемот, Бојана рече дека мора да извади пари од банкомат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)