насобере св.

насобере (св.)

АНА: Еве, овие се, се насобрале на пенџеринава и ѕиркаат да го видат вујка. (Жетварките се отстрануваат од прозорецот.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Се насобра народ од двете страни и кога разбра зошто се сќорлиле овие нови „божи служители" веднаш се направија и тука два табура како на атпазар пред Наловиот ан пред две три недели.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Танас, не сфаќајќи што станува, бавно ја зеде шамијата и откако долго се колебаше пред насобраните браќа и снаи, полека почна да ја одврзува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
В грло како да му се насобра сув пелин.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во базенот пливаа разни чешити рипки и тие се насобраа да ги гледаат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На дворот, т.е. околу султанот и околу него насобра едночудо јаничари Срби, меѓу кои се наоѓаше и Мариовецот Ангеле – Арслан Сирме.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се насобра силен народ. Непробоен ѕид ѝ го затвори патот на полицијата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Борко седеше во ладовина, под сенката на старата круша и врзуваше китчиња од вртипоп, синчец и други разнобојни цветчиња што ги беше насобрал во откосената трева.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тука Арсо сети како нешто му го потисна мозокот и во него се насобра болка и тага. Не го исполни својот долг.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На волците не им требаше многу време и за да наскокаат и за да се вплетат еден во друг, насобирајќи се во својата жилава топка, што отскокнуваше, прштеше, цвичеше и крцкаше со забите, неразделно вчекнати околу голите коски на смртта, како во својата единствена и неизбежна патека кон сите идни вакви ноќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А по неколку часа: „И гледаш најпосле, нараснал, се насобрал кај човекот цел еден живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко долго не можеше да заспие од тоа липкање и од сѐ друго, што се насобра таа вечер.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога ги видоа, се насобраа околу нив.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Околу нас веднаш се насобраа неколкумина од блиските клупи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Како да ги беа насобрале на своите гранки сите бели цветови од ланската пролет.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Аскерот се насобра по педесет души на еден четник и нарипа живи да ги фаќа, но овие се држеа зад стените и Турците секое нарипување го плаќаа со по еден два убиени другари и пак залегнуваа и тие зад своите метеризи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
4. Во урвините под Железна Врата и Пуловец се насобрал народ од сите краишта на Европа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Убавата летна вечер им го правеше животот весел и тие знаеја да ја исползуваат и својата висока општествена положба, и убавата јасна летна вечер, осветлена од полната месечина, украсена со смевот и кикотот на убавите старавински моми, насобрани на чешмата пред кулата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На „Халите“ излегов од метрото и тоа токму пред една од најстарите париски цркви „Сан Осташ“, пред чии портали беше насобран народ.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Многу рибарски лотки се насобрани крај кејот и брегот. Сите се закотвени.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе