нарача (св.)

А, да му цути устата на тој што нарачал! (Го подбуцнува Митрета). Убава работа било вака...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Нарача уште еден ликер и се намали.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Јас нарача на дестина жени, коа вела: ако не донесе Милошка, нека донесат Билјарките, ако не Билјарките — Сукаловци, ако не тие — нека донесе Бела Бојана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога се врати со котелот, позастана на вратата и слушна дека нејзиното Толе плаче та „папокот ќе му извресне", и место да го крене стрина му Митра, Доста чу со своите уши како Митра му нададе триста и триста клетви полоши и пострашни од оние што ги мислеше во себе кога и нарачуваа нарачниците на Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— И се опули во Нешка, во Крстета, пак во Нешка, и си заклучи со умот: „Ете, како шо нарачаа нарачниците на третата вечер: „да расте и да порасте, убава мома да биде, попова снаа да стане, на младо ѓаче невеста".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во втората му беше полесно и понатаму сѐ полесно и полесно, зашто гласот за тоа што нарачува тој се расчу низ цело село додека тој уште немаше минато ни десетина куќи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ете така Луман се распаша по Битолското и сега префрли и во Брзница, го натера деда Бошка да му биде јатак и прво што му нарача беше овој по село да му собере по лира од куќа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ја ведна главата покорно и уште попокорно ѝ нарача на снаата да им стави вечера, го нагости арамијата, поприкажува со него и кога стана овој, дедо Бошко си рече дека ќе здивне.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Стоеше како кога влезе малку нерешително, потоа му пријде а тој што нарача.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Ви нарачаа. Еден ваш познајник. Машинист.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Умира Пецо и нарачува. Слушај, жено, кога ќе ги затворам очите, пушти ја мачката да ме рипне.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Нарачав коњак. Ајде донеси.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Не, вистина, нарачај. Да видам каков си. После јас ќе ти нарачам. Десет.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се наоѓаме други Се прегрнуваме Од таа страна осои небидницата. Изеди се ѝ нарачуваме Не се враќаме.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Сега агата го викна в дуќан за да му плати, му нарача и шербет и почна да го распрашува и да го исмејува, да му се руга, сметајќи го за глупак. – А така, суреди вас Мариовците кадијата наш, а?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Овој му се израдува што му донесе и овој пазар борина да спечали од неа неколку гроша и веднаш го покани в дуќан: му нарача пак шербет и почна со мајтапите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Овој помисли дека го излага селанецот, го најде будала и му нарача пак до пазар да му донесе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Нарачаа жилаво месо, го кинеа и гореа. Се менеа: беа испукани ками. До чело.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Глигор му нарача на прислужникот да му донесе урми.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе му нарача дома да ја стават вечерата, да е готова, тој скоро ќе се прибере. Тоа секоја вечер станува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе