напалм м.

напалм (м.)

Синкопи...напалм... денови на крв и глад и денови на скршени заби и денови на црни вдовици...
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Тука, на Грамос, македонските и грчките момчиња и моми, бранејќи ги безводните ридишта и чуки, гинеа под оганот на топовските и минофрлачките гранати и под бомбите и напалмот што со бродови стигнуваа од Америка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Трепери пламенчето на свеќата и стоејќи вгледан во рамницата, ми се чини дека допираат до мене бучавата на авионите, тресокот на бомбите и гранатите, свирежот на куршумите, мирисот на напалмот, врисокот на стотиците очајници кои биени од небо и земја, газени и толчени под тенковските гасеници со последната издишка трчаа по оваа последно мало крајче од езерската земја со надеж да се фатат за последната сламка за спас на животот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Десеттиот ден од почетокот на големата битка за Грамос, со одобрение на генералот Ван Флит, шеф на американската воена мисија во Грција, авионите фрлија напалм бомби...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)