налапа св.

налапа (св.)

МАРА: Прикасни ти, синко, налапај се убаво, на пат ќе одиш!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Оддалеку, од Српско и од Влашко, од Бугарско и од Латинско, доаѓале во вилаетов голошии орлишта да се налапаат мртво крстено и некрстено месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се налапаат алчниците и ќе се растурат оторбешени, на сите страни носејќи ја на непца и во црева чумата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кутрето се налапа попара со млеко и муцка си изми во чиничето со вода.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)