наддланка ж.

наддланка (ж.)

Беа две огромни скоро валчесто исплетени рачишта на кои и на крајниот член на дебелите прсти стоеше по една киска влакна, а обете имаа по еден набабрен зрел грозд дамари на наддланката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Никаков шум, никакво движење, само влажниот јазик на Стрела се лепи за неговата наддланка и го присилува да се сети на она што се случуваше синоќа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од наддланките на моите раце про 'ртуваат ситни, преситни крвариги.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)