мумла несв.

мумла (несв.)

Во спалната во која нѐ внесе доктор Гете, на десетина кревети лежеа жени – некои неподвижни, други се превртуваа во креветите и мумлаа, една од жените беше со врзани раце и нозе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа се слушна грозничаво смеење, нему му се придружи сув плач, по подот од собата над нас затупотија стапала тешки како копита, од едната соба до нас се слушнаа удари во ѕидот, од другата соба до нас – мумлање, од некаде доаѓаа нејасни зборови кои бараа помош, зборови кои заблагодаруваа и зборови кои негодуваа, зборови со молба за пуштање на слобода, од некаде доаѓаа човечки гласови што звучеа како клокот на вода, како животински рев, како птичји крик, гласови што звучеа како ветер низ гранки и гласови што звучеа како удар на камен од камен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мумлајќи во себе шепотеше за да не ја чуе домаќинот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Куманово веќе ѝ е премногу тесно. - Како тесно ѝ е? - мумлаше лигавејќи се.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)