мрамор м.
мраморен прид.

мрамор (м.)

Ангелија молбено и тажно го гледаше. Градите ѝ се разбрануваа како смекнат мрамор.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И ќе ме демнат со увереност дека еднаш ќе ме пратат да кршам мрамор на некој безимен остров заграден со море, со жици и со митралези.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ноќ нема, брег нема и само земјата чедно Копа по мраморот довикувања на селаните по молњи.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
И јас мрамор се мраморам, си ја тепам главата, а солзите само ми врнат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
...височините значи отпаѓаат ги фрлам скалите надолу во грлото на вулканот во жешкиот мрамор на истребените векови секој миг по еден век симнувам по еден недоживеан народ по една голема мајка отстапуваат црвите пред огноотпорните инсекти овие пред здивот на ослепените сенки...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Убава фасада зад чии светли мрамори лежи кошмар, пустош и празно.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ми се стори дека во темница останав јас, мрава црна, на црн мрамор, во најцрната ноќ, оти свеќата на отец Стефан Лествичникот светеше со светлина студена, како светилото ноќно на небото: светеше само толку колку да се каже оти не сме слепи, како окото негово помрачено од бело перде.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во таква ноќ без ѕвезди, на таков мрамор, Бог не само што ја гледа мравата, туку го слуша и топотењето на нозете нејзини.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На писмото стоеше: „Замисли си ја најтемната ноќ, најцрниот по боја мрамор и најцрната мрава.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оваа светлина која поучува како најотворено да се разговара со себеси, упатува на оние карпи, на оние камењари кои доколку подолго ги гледаш ќе забележиш дека и не е така тешко да се стане и камен! Дури и - мрамор!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И без да сакаш ти веќе влезе во едно грдо време во кое, загледан во оние исконски карпи на твојот роден крај, ти осознаваш дека и не е многу тешко да се стане камен; бигор и мрамор, дури.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Не прашав дали си кренавте паметник но вашите раце од мрамор веќе ми тежеа на рамото.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ги спуштам усните врз студен мрамор заплеткани токови на животот диви предели без љубов...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)