мочурлив прид.

мочурлив (прид.)

Заскитаната желка ползи по асфалтот. Праисториското животинче, што ги минало мочурливите сништа, пајажините, менливите гробници, неминовно го пречекува смртоносниот метал на четири тркала.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Неа ја разбија и ја раскашавија, претворајќи ја во мочурлив терен на неговата душа токму скриените матици на воспитувањето, непрекинатите предупредувања, почитувањето на волјата на татко му, потоа на учителите, професорите во жешовската гимназија, силната волја на реб Аба Апфелблум, но и на неговите професори од рабинската семинарија прочуените Шварц, Гејер и Аптовицер, тие планини од знаење на кои веќе како студент гледаше со стравопочит; со еден збор волјата на авторитетите што го формираа него и во крајна линија неговиот досегашен живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Многу народ се насобра на таа гола, мочурлива ливада што беше распослана покрај морето и обрасната со трње и со високи и остри бодликави тревишта и засмрдена од нешто гнило.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)