минатогодишен прид.

минатогодишен (прид.)

Пред него беше една средена собичка три на три метра, во едниот агол беше дрвеното самоделско  легло, во другиот гореше големата печка, над неа граот беше зоврен, до прозорецот беше масичката, а на ѕидот од дебели греди висеше неговата пушка, фенерчето и уште неколку листа хартија, од кои едно беше минатогодишен календар со ливчиња што се откинуваат секој ден, на кој стоеја сите ливчиња неоткинати.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сепак, текстовите што се пред вас, донекаде го предочуваат подрачјето од теми и проблеми објавени во минатогодишните броеви на Хипатија, специјализиран журнал за феминистичка философија кој можеби на најдостоен начин го пројавува стремежот на жените за полноправно учество во она што преостана од некогашната „кралица на знаењето“ и „умоводителка“.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Но мама поучена од минатогодишниот случај, рече дека не сака да се најде во глупа ситуација и повторно не го допушти кај себе.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Сакав само фино да си поразговараме, во четири очи да ги расчистиме сметките после минатогодишното телефонско раскинување. Потоа да се простиме пријателски и засекогаш.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)