милослив прид.

милослив (прид.)

Прв го утеши Дико: - Седни, - милозливо му рече тој. – Немај гајле кога се погоди среќен, ќерата ниеден.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тогаш Трајанка го погледна Пецета милозливо кажувајќи му со очите дека не треба да се плаши и стана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На ниедно од децата неговата насмевка и милозливост не им влеа доверба.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се смее акробатот, пропаднатиот акробат, а смеејќи ти се ѝ се смее и на својата судбина. - Овде те држат од милосливост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја извади желката и со прстот милозливо ја заскокотка по вратот и нозете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И бог беше голем и милослив во својата љубов за нив, не ги накажуваше и заедно со нив трпеше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Додека околу нив се мешале извици, истрели и блиски далечни грмотевици, вториот раненик, оној, преку чии очи минал шрапнел, лежел ничкум и копал со нокти и заби под себе и пцуел, пелтечаво и тешко, под контузија - и султанско знаме, и паши, и вера, Тој до него, со две парчиња од војничкиот ремен ги стискал нозете над коленици за да не ја изгуби крвта и со неверување слушал во зачуденоста без чувство за болка, за еден миг заборавајќи си ја судбината: кауринот, на кого му е укажана чест да биде војник под зелен бајрак, не атакувал за да ги убива оние што ги зеле да се бори со нив за нив, милосливите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но тој имал моќни очи и можел без милосливоста на месечината да го види меѓу сите видовитиот Дмитар-Пејко и да дојде до него додека ја сечел со џбиткавоста толпата што полека се стивнувала, чиниш и се предала на судбината во многубожечко исчекување на ново чудо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Марко Марикин прашуваше и секогаш сам одговараше, најмногу тогаш кога ќе предизвикаше љубопитност кај луѓето со кои се здружуваше и кон кои беше братски милослив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од што се плашеле? Бездруго од платеници на суробрадиот Али-бег што не признавал друго воденичарско господарство освен своето: па дури и на оние благолики Турци, наргиличари со среќна насмевка на алахови почитатели што не ја одобрувале неговата алчност, бегот можел да им се одмазди на некој начин; во својот долап со изрезбани арабески во дабово дрво имал пергамент за дедовски и татковски и свои заслуги во кој, со милосливост на султанот Махмуд Втори, се барало од граѓанските и воените власти да му бидат секогаш при рака, не додавајќи ги кон сето тоа легендите за неговите браќа што се истакнале во ликвидирањето на побеснетите јаничари и крџалии и пријателството што го врзувало со секакви мутеселими, кадии, кајмаками, шејови, заслужни бегови; се знаело дека во еден спор и самиот валија, државник и поет и исто толку почитатели на поетите Зати, Фузули, Наби, Вејси, набожно ги допрел со набожниот султански ферман градите, усните и челото и го прогласил неговиот стопан за доживотен праведник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мене ми е многу мило дека сум бабин убав, бабино сонце, машко на баба - и кутре, и пиле, и маче, и зајаче, и билбилче и сѐ можно и неможно - ама ми пречи дека премногу се грижи за мене и тие милосливи зборови ми ги кажува и пред другарите, па Љупчо, водачот на нашата група, ми се потсмева - бабино галениче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во нив има толку многу милосливост и добрина!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во миг исчезна од фреската и се стори покрај мене, отелотворен во својата човечка лика, со сета висина и ширина, со мијачки бечви и со мијачка наметка; ме гледаше кротко, милосливо.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дајте им место на милозливоста и на милоста. Озарете се.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мајка Амелија ја погледнала милозливо и рекла: „Ќе бидеме среќни да ја примиме Ервехе во нашето училиште. Сите ни се мили, пред единствениот бог.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Навистина таа изгледаше милозливо со тие крупни солзи. Девојчето скокна и уплашено му се загледа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ќе завене малку Соколе и пак се разбудува, и сѐ си тече тоа изворче од милозливост, а на јасното септемвриско небо, кога да се разбуди, сѐ подруги ѕвезди се наднесуваат над него, како да сакаат сите да стигнат на ова ноќно празненство и да пеат тихо -„уневести сја“.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Стварноста е убава, ако ја гледаш како убава; нејзината суровост попушта пред твојот милослив поглед.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Милосливоста и сожалувањето ќе ги оставам за друг пат!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ја молам судбината милозливо тоа да ми го дари“ - се утешуваше сам со себеси. Кон средината на декември, „белиот ангел“ пред кој генералите требаше да стојат простум, го промени своето војничко со цивилно одело.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)