милка несв.

милка (несв.)

- Навистина убаво маче но прашајте ја Милка кој го нацртал. Твое ли е Милка? - запраша.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Мамо, мамо! - се развика Милка уште од вратата. - Тука ли си?
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
МИЛКА: Мажот скоро ли ќе си дојде?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
МИЛКА: (Исплашена се покорува и, постојано гледајќи во Фезлиев, повлекувајќи се наназад, не го забележува Младичот. Излегува.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
МЛАДИЧОТ: (На овој крик, се скаменува. Дури тогаш му станува јасно за што станува збор. Сето подоцна што ќе го чуе од Милка татни во него.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Затоплена од крупната снага на Вангела, Милка се пресели во еден убав сон негде сосема на друго место каде што грее сонце и подувнува ветре, ветрето ѝ го развева нејзиното прво фустанче.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Командирот нареди: Стојан, дај ѝ на Милка еден партизан за да не оди сама. Стојан ми викна: Земи кого сакаш.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)