месест прид.

месест (прид.)

Богословот ја спушти табакерата во тешката, месеста рака на Германецот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не ми стигна да си го измијам ниту едниот бут, така што другиот ми остана недоизмиен…“ А газлеста и месеста беше, уф!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Чудовиштето што им го претскажувал Дмитар-Пејко одамна престанало да им ги души наморничавените тилови; му го сечеле на жолтичавиот старец челото, умрел, го запалиле и го закопале, со него во гробот останал и дел од нивниот страв и веќе не се плашеле од сеништа и од иконописечки забести, ноктести, месести и грблести животни, гигантски гасеници со гуштерски нозе и лилјачки крилја, туку се обеспокојувале од можноста да се сретнат на својот пат со живи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа е старица со црвено лице и со две месести брадавици: на слепоочницата и кај носот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Не, нешто сепак не е в ред – реков и тогаш дури открив дека нејзината топла месеста дланка лежи врз мојата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Навистина, нозете и задникот ѝ беа малку месести.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таа се проѕевна и големите усни се отворија, изложувајќи ги белите плочки и месестиот јазик.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Според пропишаните норми за оваа дејност, дундата не смееше да биде исушена, спечена, ама не и месеста, дебела, подуена како пчели да ја касале.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Косата ми е влажна. Капките се цедат на рамениците, се слизнуваат по плешките и капнуваат на набрекнатата задна месеста површина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Имаше сини очи, прилично тажни. Беличок тен, месести образи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)