мастраф м.

мастраф (м.)

ПЕТРИЈА: Ај море, куме што збориш! Ако не можеме да ти испржиме една гуска, та за џигери, црева и шкембиња ли било мастрав?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Оттука треба да излезе шеќерецот, кафенцето, тутунецот и други мастрафи за куќата, а пак лебецот и зопта за Алчето му беа осигурени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море тоа не е голем мастраф, Калешко! — се јавува Чолакот придружен од Влајка Лазев, Билјарот, Милоша и други.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ете, на прво место ќе куртулиме од мастрафот; ќе куртулиме од заметот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ми треба некоја пара за мастраф на куќата; нема од друго место од каде да се фати – им велеше Даут на колегите и ги фалеше воловите: – Не се волови – ангели, што ги викаат каурите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пред тоа малаксал демнејќи колку валцери може да издржи мочниот меур на Сигмунд Фројд пред да си ја дувне од Виена без да се збогува со своите сестри и без точно да се утврди требен ли е толкав масраф за едно обично ракоплескање во ритмот на Радетскиот марш
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)