маргинализира св. и несв.

маргинализира (св. и несв.)

Тоа го видовме за време на борбите за цивилни права каде што доминантниот поим беше оспорен од група која беше угнетувана, маргиналиризана и во голема мерка заборавена.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во времето кога „Танцот со волците“ конкурираше за наградата на Академијата, оние кои навистина сакаа да бидат во тек со настаните знаат дека учеството во ова веќе започнато национално преиспитување зависи од нивната идентификација со оние „другите“, маргинализираните.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но секој обид општеството да се предочи како конзистентен модел нужно е обид кој, за да биде селективен, арбитрарно одредени начини на општествен живот ги прогласува за норма и, според истата логика, сите други феномени ги класификува како ненормални: или како резидуум на минатото кој евентуално ќе ја изживее својата цел и ќе исчезне, или како некакви туѓи елементи кои што мораат да бидат искоренети или маргинализирани.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Крајот на биполарната епоха го маргинализираше и значењето на неврзаното движење во кое југословенската дипломатија имаше клучно место, авторитет и влијание.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше дамна контаминиран и сега урнат големиот југословенски мост кон Палестина, заедно со маргинализирањето на движењето на неврзаните земји, по крајот на студената војна и биполарната епоха.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Земјата која ја претставував ги губеше своите позиции и на меѓународен план, нејзината авангардна улога и во светот на неврзаните земји започна да се маргинализира.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оваа пропаганда преку печатот и радиото, сè до крајот на 1942 година, успешно ги фаворизирала четниците и генералот Дража Михаиловиќ, а ги маргинализирала партизаните како носители на отпорот против нацифашистичките окупатори, кои биле организирани од Комунистичката партија на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)