личи несв.

личи (несв.)

На смртен тој никако веќе не личеше среде оние борбени часој. Под сабјата негова паѓаше Албанец беден - како под српови класој.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Еден народ што си го загубил својот јазик личи на еден човек што си го загубил патот и не знае од каде иде и на каде оди и којшто не знае зошто оди ваму, а не онаму или таму.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Гробник еден!... за него личело да се забере и да пее под пенџере. (Николаќи повторно пее под прозорецот): Сечи, моме руса коса, Сплети скала да се качам, Да ти влезам, море’ море, в одајчето, В одајчето шарено.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И личи ли јас да го земам кога е постар од мене со триесет години?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
РИСТАЌИ: Така речи да те личи за маж, а не за џамбаз!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Куќерката моја, суниска и тесна пред мене ми личи ко внекоја бајка, кај дедо ми кажвал приказни и песни, над лелејка каде ми пеела мајка...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Носот, пушти го моливот, да личи на него.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Личеше на јунак од романите на Дима.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се насмевнуваше како човек што пред секој изгрев пие рицинус; ме удираше со белите прсти по темето и шушкаше низ змејските ноздри: - Со лева не се црта. Тоа е богохулство. Затоа луѓето ти личат на дибеци. Со десна, дибеку, со десна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Иако село — оддалеку личи на град. Куќите му се покриени со ќерамиди.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Анасана-аврадана" беше го оставил во конакот, гласот му беше мек, мазен, умилен, дури личеше на родителски, кога човек се разделува со своите најмили: — Ете — рече.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа офицерите личат некако на грчките, но војниците — вистивски Тиквешани со селски шалварчиња и со некакви особени капи, што ги викаа „шајкарчиња".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А била убава, велат Луман по лика на неа личел, иако ни трошка од срцето нејзино не останало.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се кикотеа држејќи се за стомаци, а дедо Ангеле, како ништо да не било, се сврте кон комитите: - Како сте, што правите? – ги поздрави тој нив сосем сериозно и како што личи на луѓе и пријатели.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Што се прчиш како војвода кога личиш како главатар на кокошкари, - му рече дедо Ангеле.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Она личи на измама тешка.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Она понекогаш на мртво дрво личи кај случајно ќе слетаат птиците иселени.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
3. немир Но веднаш доаѓа нешто што личи на превез од плач оти е многу густа поплавата од изневерени спомени па долго треба да рониш додека се уловиш себеси – шкољко од премногу лажни и премногу ретки бисери Оти е голем тој град со огромни риби од улици што безредно пловат по немирното езеро од сонце во кое лесно би можел и безразложно да се изгубиш
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Не личеше на весел, пламенест сок од малини.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Ти личам, можеби на глупав калуѓер?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе