ламарина ж.

ламарина (ж.)

Невозможно ситниот, скоро помал од мене лимар, танок и како од ламарина направен, штукаше мелодично а грленото јаболко смешно му скокаше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На скршеното окно закова парче ламаринка, окното од тоа стана едно слепо окно, така правеа често во селото, кога ќе немаа при рака стакло.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На челниот дел од куќата, под стреата: срце, прстен, токосани раце, ангелче, венче, и во нив: почетните букви од името и презимето на домаќинот и годината на градењето; балкони: украсени со елементи од железо или ламарина во форма на триаголник, четириаголник, ромб, ромбоид, круг, трапез или со гипсени елементи во вид на амфори, во вид на подлактени раце или сосем едноставни со парапети кои завршуваат со коритца за цвеќиња; чардаци: долги колку што е долга и куќата, со пармаци, со плотици од костен, од даб, од јасика; на чардаците испуштени башлаци над кои висат мали куличиња низ кои може незабележено да се ѕирне во дворот, на патот, или во време на војни и арамилак, да се протне цевка од пушка и да се направи пусија; покриви: со рамни или со стрмни стреи, со испуштени чакми и кучиња, со поткренати маи како крилја од птица, со издолжени предни страни како козирка од капи, или прекинати со предниот ѕид што се крева нагоре за да го затскрие покривот; вратите: со една, со две поли, обични или со нутифедер, со украсни бордури на секоја пола, со надвратни прозорчиња застаклени или опшиени со мрежа за заштита од секакво гадурии; на вратите жапка или шуличе што се отвора со стап кој постојано е врзан на вратата, ѕвонец што ќе чукне потивко или посилно, резе со катинар или брава донесена којзнае од каде; прозорците: широки, европски, или пак тесни со по неколку крила доближени едно до друго за што подобро да ги осветлат просториите; оние што се на долниот кат и низ кои може да се ѕирне, заштитени се со железни прачки извиткани во разни форми; кај што нема железни пречки - дрвени капаци испукани од сонце и дожд, но кои ноќно време убаво ја затвораат куќата како дланки склопени на очи или како мравкини дупки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Слушаше како ветерот постојано гребе со ветките од дрвото на прозорците, слушаше како некоја провисната ламарина постојано потропнува во дворот и тоа го вознемируваше, онеспокојуваше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Беговите го заборавиле Мустафа -ефендија. Шуќур, се нашол некој наш казанџија и го прибрал дрипавиот ќафир во својата работилница меѓу ламарини и чекани, заедно да локаат студено вино и да пеат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ракоплескањето шуми како пролетен дожд врз ламарина по салата и од сите страни се чуствуваат извици: Браво! Ние се гордееме со тебе!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ветрот маваше во ламарината. Сите прсканици, сите налети се одбиваа од брдото.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ноќта пред да заспијам, слушнав мошолење на дожд на ламарината што беше ставена на дел од покривот што се наднесуваше над балконот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пиштеа луѓето како полжави на врела ламарина, риеја и се криеја во калта, копаа бразди, се вовлекуваа еден во друг, да се спасат од мечот на свети Архангел.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Капките многу силно се удираат од ламарината и се распрснуваат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој знак, од кој тврдам дека почнува мојата приказна, е патоказ од тврда, жолта и наместа згрбавена ламарина, испишана со кирилични букви: Франкфурт – натпис кој сериозно добро го погледнав додека автобусот кој ме враќаше од Скопје шмукаше бензин на пумпата пред родниот град.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
А неговата дома е сиромашна куќарка ѕидана со плитари и покриена со ламарини.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Висока ограда од црно обоени ламарини. Се чини дека зад нив или е градилиште или магазини.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Погодувате, тоа беше улица во едно сиромашно квартче, со накриво протегнати рушевини, со тела на куќи на кои пишуваше „куљар“ или „лимар“ на излижана и продупчена ламарина која ветерот може секој миг да ја подбутне.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)