крцка (несв.)

Лежев со затворени очи и со страв го наслушнував крцкањето на зглобот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од невидливиот челик, со секое движење на човекот, крцкаше четвртото ребро.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Крцкаше животот, беше претоварена кола упатена кон бездна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Одеше по собата и ги слушаше своите изгаснати чекори, крцкањето на подот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
По широките, како флорини, светнати скали долго крцкаа чевлите на мажите и шушкаа копринените фустани на жените. Куќата натежна од свет...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не тутунскиот чад и не злото крцкање на столовите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Скалите крцкаат под неговите нозе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не го поднесува ова придушено крцкање на ножицата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Крцкаат рамовите на вратите и прозорците.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Снегулките забрзано налетуваат врз прозорецот и крцкаат како ситни парченца стакло.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Војниците не сакаат да слушаат докрај: крцкаат со заби и ги гмечат летоците фрлајќи ги под нозе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ја зеде потоа секирата в рака, го погледна муртејќи се темнопепелавото небо, па се затрча по патеката што преку темната букова корија, низ која високо во гранките се провираше ветерот, оставајќи ги разнишаните гранки да крцкаат, да се удираат, да се тријат една од друга, создавајќи најразлични шумови, и се упати преку Гола Глава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некаде, во насока кон Грамадна, во оголената шума, под ударите на дивиот ветер, болно крцкаше стара бука.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Грабај, и крцкај, заедно со маските, вели, дури да ги заболат вилиците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Буките крцкаат, им пука кората, им подгоруваат лисјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Огнот се разгорува, кладата веќе потклекнува. Ѝ крцкаат, ѝ клецаат колената.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сепак, иако градите му се пони со свежина, иако снегот под него весело крцка, воздухот понекогаш му затреперува пред очите. – на градскиот заробеник потребно му е време да се привикне на слободата – си се потсмева и храбро продолжува натаму.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Дали есента, секогаш благородна за носталгични споредби, или можеби старите ракописи што крцкаат под буквите како претоварен, ислужен брод, но кои под песокта сè уште очајнички веруваат ви некои свои светови?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Сè е поцрнето, ти крцкаат под стапалата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се врвчи колоната, џглиба водата, крцкаат сувите гранчиња под нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи