констатира св. и несв.

констатира (св. и несв.)

-Ако не бидеме бугарски шовинисти и пристрасно не гледаме на работите, не можеме да не констатираме оти во Македонија Бугарите не направија за нас Македонците ништо повеќе од тоа што го направија Србите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Констатира дека нема повеќе кибрит.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
— Значи, се истребија сите откај нас — задоволен констатира стариот мудур и се спремаше да му предложи на јузбашијата да излезат некој ден да ги видат пепелиштата и пустошот што го направија војските и да ги покараат и поучат селаните да си седат мадро, да не се поврати злото пак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од друга страна, можеме да констатираме дека и руските раскажувачи, пред советскиот период, уште од Гогољ, извонредно многу се надоврзуваа на народното творештво и на одделните нивои говорна традиција.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проучувајќи ги луѓето, го констатира следното: оние луѓе што прават долги чекори - се сигурни во себе, цврсти, решителни, енергични; таа сигурност им дава полетност, ги тера бргу да одат, да го грабат патот, да го освојат просторот, да стасаат што побргу до целта каде што тргнале;
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Констатираа инфаркт. Едвај се спаси жив.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Подоцна се дозна дека при ударот, добил потрес на мозокот, од што му запреле животните функции, поради што се констатирало дека е умрен.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
По извесно време дојде комисија од двајца инженери, ја прегледа куќата, го проверија земјиштето на кое лежи и констатираа дека куќата лежи на растресито земјиште, дека во нејзината близина тече река која е суводолица и во време на буици го подлокува коритото накај куќата; во дворот од куќата има бунар длабок 6 метри, чија вода е матна од пробивањето на реката или од подземните води кои тлото под куќата го прават нестабилно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Или, нешто подоцна, прво констатира - после перцепцијата на столот во собата, дека “вака секој би требало да ги гледа работите онакви какви што тие навистина се”, а веднаш потоа поставува сомневање: “...кога некој би гледал постојано вака, никогаш не би посакал да работи ништо друго...во тој случај, што со другите луѓе?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога во шеесеттите родителите започнаа згрозено да констатираат дека нивните деца имаат сосема поинакви погледи на суштинските културни и политички прашања, беше предоцна.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се анализирам себе си, констатирам дека не можам да се сфатам, да се дефинирам, освен дека сум повлечен, затворен, дека песимистички ги гледам работите во животот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сепак, констатирам, подобро е отколку да сме на пат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Експертите на Министерството по анализата на пристигнатите заклучоци не го криеле задоволството и можеле да констатираат дека на Второто заседание на АСНОМ било „заобиколено контраверзното македонско прашање“,
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во документот, за кој се вели дека бил сопственост на трстјанската поморска полиција, се вели отприлика следното: „Еден брод на сопственик од Мисолонги, а државјанин на Турција, закупен од извесен трговец Никола Поцо, беше запрен на отворено море и се констатира дека е натоварен со барут и со муниција за малокалибарски топови и за маузерки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Вода, се констатира уште еднаш, ќе мора да се влече не од падините на Сината Планина, од дарванскиот крај, што беше далеку позгодно, доколку овие води не беа узурпирани, туку од западната Билга Планина. Јас реков: Влечете, сечете, уривајте!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На пример, мама никогаш не остава немиени садови да се грамадат цела недела, па потоа да констатира дека во кујната настапил хаос и тогаш да покрене кампања за санирање на хаотична положба!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Стигна итна лекарска помош. Беше констатирана дијабетска кома!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Констатирајќи дека водачите на елинизмот водат политика „којашто води само кон срам“, Берар со индигнација пишува: „Атина ... денес е под чизмата на турскиот пратеник.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По барање на гемиџиите, Сарафов наредил да се провери документацијата, од што се констатирало дека на 17.02, 1903 година „стоката“ била подигната од царинарницата (Шатев посочува факсимил на овој документ).
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сарафов, во врска со тоа, констатира: „По атентатот... Солун веќе се губеше како центар и затоа оставаше секој округ да се грижи за себеси.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Повеќе