компарација ж.

компарација (ж.)

Во својата корисна книга Translating Poetry, Seven Strategies and a Blueprint, Андре Лефевр прави компарација на преводот на Катуловите 64 Песни, но не со цел да направи компаративна евалуација, туку да ги покаже проблемите а во одредени моменти и предностите на одреден метод.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во оваа категорија спаѓаат и студиите за поетиката на пооделни преведувачи и компарацијата меѓу нив, студии за проблемите во формулирање на поетиката, и студиите за интеррелацијата на текстот на ИЈ и текстот на ЈЦ и на автор- преведувач- читател. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 31
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се веселев на оваа минималистичка компарација која ми овозможуваше, за миг, да стапнам врз коцките.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
„Материјалниот свет“, продолжи Дипен, „изобилува со големи сличности во однос на нематеријалниот; и на тој начин реторичката догма, што преку метафората и компарацијата ги поткрепува аргументите и го збогатува изразот, добива извесна нијанса на вистинитост.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)