количество ср.

количество (ср.)

Сега ќе се одделуваат многу поголеми количества домати и друг зеленчук за извоз и за домашна консумација, зашто порано во Бугарија со оранжериско производство биле опфатени само околу 400 декари земја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од викањето се разбудија и другите селани, дотрчаа со садови, се предаваше водата од рака на рака, се правеа синџири од луѓе и се фрлаше водата; но нејзиното мало количество како да го потсилуваше огнот; некои од луѓето што беа похрабри, потпреа скала на ѕидот од куќата и се искачија на чардакот фрлајќи вода за да не се зафатат одаите и чатијата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Пред летувањето, отромавени, се влечкавме како на нозете да имавме чизми; кога ќе се расипеше лифтот, се качувавме по скалите со мака, тешко дишејќи; зјапавме во отворениот телевизор, голтајќи огромни количества кекс, потоа исцрпени, заспивавме со свртени грбови, веднаш...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Позитивни искуства: во умерени количества, алкохолот во поголем број случаи прави луѓето да се чувствуваат помалку инхибирани, релаксирани и среќни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Поради своите карактеристики ПЦП од време на време се појавува како примеса во поголеми количества на марихуана, хероин и ЛСД.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Аналогијата е иста: Shannon-овата теорија е теорија за количество на информација.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Мамурлакот се јавува кај оние кои го земаат во неумерени количества.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сите народи имаа совршени оружја во подеднакви количества.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во нашата лабораторија моментално дреме еден малецок Хулк, сѐ уште во шишенце, го вкрстуваме со чудесновишниот мочуришен октопод- капиталец што испушта (ко одбрана) огромни количества на отровно мастило.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За вториов проблем, несомнено обилното количество информации презентирани во придружниот каталог многу ќе допринесат во подобрувањето на состојбата и сигурно ќе служи како непроценлив извор за понатамошни напори за разбирање на овој уметник и на неговиот опус.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„О, да, огромен проблем! Дрогите предизвикуваат огромни количества проблеми.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Процесот на создавањето на системот на писмо не треба да се претставува како резултат на колективно творештво, т.е. на начин, како некое лице во определен временски период создава определено количество на знаци, кон кои некое друго лице додава наредно количество на знаци итн., сѐ додека не настане графички систем, достатен за изразување на фонетските единици на конкретниот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во типологијата на писмото, алфабетот го зазема највисокото место затоа што претставува најекономичен систем во поглед на количеството на знаци, неопходни и достатни за потполно бележење на говорот и за пренос на информацијата на растојание.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Доволното количество вода што го испив на после­дна­та чешма ми ја раздвижи крвта низ дамарите, доволно да ме соочат не само со драматичната ситуција во која се најдов, туку и да ме наведат на мисли кои сигурно произлегуваа од силната доза на страдање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во принцип би било сосем едноставно вишокот на работна рака во светот да се троши со градење на замоци и пирамиди, со ископување на дупки и нивно повторно полнење, или дури со производство на големи количества стока за широка потрошувачка што потоа би биле уништувани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во Лондон постоеше огромно количество криминал, цела една држава-во-држава од крадци, бандити, проститутки, растурачи на дрога и рекетари од секаков вид; но бидејќи сето тоа се случуваше меѓу самите пролови, не беше важно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во попладневната тишина, количеството звуци беше изненадувачко.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потем погледна во записот на карпата и рече: „Писмото е слатка, но смртоносна работа, како и медот и виното, и другите неотровни сластија, ако во неумерени количества се земаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Сето тоа започнало во јуни 1988 година, кога откај грчката страна почнале да изпуштаат огромни количества вода, потребни за наводнување на полињата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Аерозагаденоста се зголемува со користење на разни видови горива во индустријата, и во домаќинствата, присуство на голем број моторни возила што исфрлуваат издувни гасови со големо количество олово.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК