клучар м.

клучар (м.)

Неколку пата штракна рѓосаниот клуч на клучарот, скрцна старата тешка железна врата и се отвори...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Стариот рѓосан клуч штракна неколкупати, вратата од ќелијата се отвори, клучарот го пушти да влезе трговецот и пак ја заклучи вратата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Пцујат по нас стражарите, клучарите, а ние претаме во изметот, се валкаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бидејќи му немаше спас, постојано, кутриот, се надеваше да избега: се надеваше еден ден некој од клучарите да ја заборави да ја заклуча вратата од самицата, да ја остави отворена...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Издивна: „И навистина еден ден тоа и се случи: клучарот ја остави вратата отклучена.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
О, сладост На Новото О, убост На болното И вечното Лудување. клучар Темнеам Заспан Студен Сал мојот Клучар Темничар Буден. не се ни родив Не се ни родив Не бев Ни Бил.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Рече: „Јас клучар сум сега на семинаријата, и никакво чудо не е кај клучар клуч да најдеш.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И малку била казната таква за неговиот гнев, па му го одзел и првенството во советот на дванаесеттемина, и го поставил само за клучар беден на семинаријата, кај Јулијан Граматик.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но ние навреме си се ослободивме од Сталин, си помисли и продолжи со поцврст и посигурен чекор кон малото стражарско место, кон клучарот на вратата од пеколот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но отворен е патот. Клучарот на залезот во мирна прошетка по водите мина.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Одаите се колнат во клучарот стар и спор Немаат тие доверба во оние однадвор!
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Слушај Срцка, јас не сум само твојот носач, туку сум и клучарот на твоето срце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Клучарот на страста беше заминал оставајќи ги клучевите на располагање сами да го одредат мигот кога да ги отворат одаите и да вкусат од тајната амброзија на љубовта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)