каша (ж.)

Трајче тураше брашно, а Евто мешаше... Кога кашата се згусна, качамакот беше готов и сварен.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Му лепат по лицето и рацете секакви каши. Што ќе биде понатаму - кој ќе му знае! ***
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Земјанките, окопите, сѐ е каша направено. И живи Бугари имаше затрупано под земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Им го направив со кашичка. Одвај собрав брашно за да ја задебелам кашата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
I Дождовите деноноќно врнеа; туриваа силно, поројно; не се знаеше што е небо, што е земја: споени беа, измешани, каша; урликаа реките, потоците, трапиштата, суводолиците; влечкаа од планините чакал, гнилеж, дрвја; се разлеваше водата низ селото ги поплавуваше дворовите, куќите, плевните, ќералите, кошарите, гаждарињата, бавчите, гумната, нивјето, трлата, елиците, стоговите, листовниците - поплавуваше сѐ; туфкаа луѓето не можејќи да излезат надвор, рикаше добитокот гладен, гракчеа кокошките бегајќи сѐ повисоко на кокошарниците и плевните за да не ги зафати водата што растеше; прегладнети удираа со клуновите по гредите и ќерамидите; кучињата пливаа низ водата влечкајќи удавени животинчиња за да се нахранат; гледаа тажно луѓето од куќите, од прозорците, гледаа во водата што растеше, во дождот што непрестајно паѓаше како да се истуриваше од некои небесни мориња; овошките во градините и дворовите стрчеа со ветките над водата како давеници што бараат помош; полесните предмети: сандаци, кошови, канти, каци и разно овошје, пливаа по водата, одеа каде што ги носеа брзаците.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ќе ги дупнат под гушата и со црева, со сонди ќе им тураат млеко, каша...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
2. Ќе ми потфрлат некоја каша или смрзната риба и јас ќе ги истурам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Изгледа дека четвртокот беше резервиран за каша од ориз.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Неговиот пријател сликар го врзува со долга врвка околу стомакот за да може од време на време да го симне од таванот и да го нарани со каша од банани која ја спрема три пати дневно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За миг изгледаше дека двата мускулести колка ќе му ја сомелат утробата во каша, а потоа се проби, малку испотен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сакаше да состави некаква каша. Кашата на нашата судбина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
„Кажувај брзо што има? “ - го прашав со нестрпливост. „Турците ја сварија кашата!
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Продолжуваше да живее во мојата свест, со вкусовите на кашите на сиромаштијата, на потпеченото тесто, извиено во чудесни форми од нејзините вешти прсти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дојде времето кога Мајка повеќе немаше доволно брашно, не можеше да го меси тестото за макарони и за пити, па од него правеше некаква каша со која ја залажувавме гладта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но повторно, другиот, третиот ден, следуваа истата каша и леблебиите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не сакав да помогнам - не знаев ниту како, ниту пак сакав да влегувам во гомнената каша во која седеше таа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Како на стар проектор се редат сцените: првиот плач во болницата, непроспаните ноќи, пелените, кашичките и чајчињата, медицинските енциклопедии, остави ја цуцлата, треба поголеми патичиња, не во уста!, „две рачички со десет прста“, Ноди-тракторот Том-Мики Маус, како прави магарето?, кликни на црвеното кругче, дувни во свеќите, ајде да градиме куќи, дојди да те гушнам, одиме во парк?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Да имаш нос значи да можеш да намирисаш нечие присуство или да сфатиш каде си и со кој си, всушност, предвреме да видиш во што каша си заглавен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не ми беше за мене, ми падна морничаво како успеа целата фамилија да ми ја заплетка во неговата сочна каша.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи