качи несв.
качи св.
каца ж.

качи (несв.)

Немав време да се вратам по таков начин како што се качив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Есента веќе се јави на прагот. Буката во Лигураса за една ноќ ја мени бојата од зелена на жолта, градините одамна се „испуштија" и мажите ги качија прачките (бобовици) по врбите да презимуваат, за напролет пак да ги накачат граовите.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
За миг на осудениците им ги распараа алиштата со јатаганите, ги соблекоа и ги грабнаа по двајца јаки сејмени и дренкокош – едниот за глава другиот за нозе ги качија и ги бапнаа врз разгорениот оган.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Ќе дојдат... шипинки! - радосно извика Трајче. Тенковите не можат да се качат тука в планина.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Нешто морав да сторам. Нацртав голем ној и се качив на неговиот грб.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Го качија на коњ и го однесоа в град кај казанџиите; тие со триста маки, со разни ножици и глета, му го извадија котлето и му ја ослободија главата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Им даде знак на војниците и тие се качија на покривот, ги расфрлаа ќерамидите, ја откорнаа чатијата и почнаа да го рушат ѕидот кон патот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Утредента ме качија на коњ и ме однесоа в град, на лекар.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
XXVII Еднаш Богуле, кога мајка му беше излезена во полето на работа, ја донесе Злата дома и ја качи на таванот на ѝ покаже што сѐ има на него и каде почесто го проведува времето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„Се качив на врвот од планината, го сочекав самракот, потоа срамежливата, добра светлина на првата ѕвезда, па втората, третата, другите ѕвезди на темната дланка на небото ги палеа своите оганчиња, и јас знаев дека сите самовили, сите џуџиња, сите духови на претците се таму, на нив, на блиските ѕвезди, дури и фараоните, и светците, ја разбираат мојата желба, ми ја подаваат раката“.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ме слегоа на една пуста пруга. Штом прва слегувам, си велам, значи последна сум се качила.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се качив од една посивена провинциска станица, возот патува бавно и долго, а јас, и покрај неколку испиени шприцери во станичното бифе, подготвен сум да бидам љубопитен и внимателен соговорник.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се качи на каросерија. Фати да скока.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Те прашувам – ќе се качиш ли на дрвово? - Не, - одмавна со рака дебелиот. – Ти го слушна кивањето, ти качи се. - Ќе се качам, - се закани долгманот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Потоа тие пак се качија на моторот и заминаа во градот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Жива расправа продолжи и додека го чекаа автобусот, многу остана недоречено, брзаница се поздравија и се качија: „Ми рече колегата што го сменив: - Горе ќе имаш една група ученици и еден даскал.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Го одведов и на нашите езера, го качив на бротче и на мало кајче, ручавме и вечеравме во најубавите ресторани, а потоа одевме заедно по маказарските места.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Меѓутоа, кога сето тоа било готово, потребата од луѓе била сведена на минимум: еден ќе требало да го запали фитилот во визбата на бакалницата и да исчезне без трага и еден кој требало да се качи на бродот, а чиј живот можел да биде најмногу загрозен.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Всушност кога се качивме во Кулата, без да ни раскажува за замомчувањето и за тајните поврзани со него тој побрза да ни ја покаже својата срамота.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Беше веќе време - здивна таа кога се качивме на височинката. А потоа прошета по тумбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи