каурин м.

каурин (м.)

Ако нѐ прашаше некој Турчин што сме – ќе му одговоревме дека сме или „каури”, т.е. неверници, или „раја на царот”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во народните песни не еднаш се употребува името „каурин” и „рајатин”, и „земја каурска” или „земја рајатска” во етнографско значење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пред Турците ние сме „каури” и „раја”, и „каури” фативме да се викаме и меѓу нас.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој бегат пред каурскиот и остава царцката земја на нив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Цела беседа истури ќатипчето по однос на воспитанието на каурите, а умот му беше во каурките, (да прават здраво живо со Турците и да фаќаат рака што е најглавно!).
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги покани на визита, на по една ракија, по едно кафе; денот им е на каурите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И таа му го повторуваше Анѓиниот одговор: Каурка сум се родила – каурка ќе умрам. Главата ја давам – верата не си ја менувам.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сега ќе видиме кој повела во оваа земја, вие или падишахот наш. Повела каурин ли Турчин?...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Mope, ако е за вода, ефенди, седнете, седнете, ене ја Попова Чешма, ладна е како мраз; ќе ви донесам една стомна, напијте се – одговори старецот и погледна со очите кон ниското куќаре, небаре бара стомна, да ги ислужи ефендиите, но војникот што зборуваше по каурски не дочека забитот да проговори, ниту му го преведе на турски одговорот и предлогот од старецот, ами сам му одговори: – Ефендијата сака вода од Бренското Чешмиче.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе дојде... Толку брзање не треба, А како велите вие каурите?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
— Бак, бак, бак! — се продера онбашијата. — Мижи Асан да ти бајам, што велите вие каурите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А такви имаше во сите државни служби, особено заптии и разни колџии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Ќе локнам каурска крв" — си мислеше Аќиф кога му ја вртеше главата на Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И поткрепа имаат од прилепските и битолските првенци, и согласност од овдешните Турци, и мајстор кои ќе им ја соѕидаат црквата, и човек кој ќе им го направи живописот внатре во црквата, и камење и вар, и песок и сè што е потребно за ѕидање црква имаат дотерано на Рамник на Горник, и иако одовде до Стамбол имаат сè поткупено, и турско и каурско, одобрение за ѕидање црква не стигнува од Стамбол од султанот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Додека околу нив се мешале извици, истрели и блиски далечни грмотевици, вториот раненик, оној, преку чии очи минал шрапнел, лежел ничкум и копал со нокти и заби под себе и пцуел, пелтечаво и тешко, под контузија - и султанско знаме, и паши, и вера, Тој до него, со две парчиња од војничкиот ремен ги стискал нозете над коленици за да не ја изгуби крвта и со неверување слушал во зачуденоста без чувство за болка, за еден миг заборавајќи си ја судбината: кауринот, на кого му е укажана чест да биде војник под зелен бајрак, не атакувал за да ги убива оние што ги зеле да се бори со нив за нив, милосливите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На патот ме застанаа и ми рекоа: Каде одиш ти, каурко, вака?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Трајко бил напрек човек, секогаш намуртен, носил награната гуња, со кубур и долг нож во појас, па таков наоружан влегувал во пазарите во град Куманово, каде му се склањале од пат каурско и турско сметајќи го за опасан.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Та зошто би го сторил тоа? - размислуваше добродушно, та тој истиот Мехмед-паша и валија, го беше повикал кај себе пред три години и го направи аза пред насобраните аги и ефендии, со најшеретски зборови фалејќи го како успешен чаршиски човек, вилаетски чорбаџија, богат, со ихтибар, со чест кај каурите и Турците, умен и писмен, а најважно пак од сѐ, покорен на власта и султанот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Чаршискиот кафеџија, со бела но не премногу чиста престилка, со фес на глава, на послужавник со висока рачка донесе кафиња за некои Турци, изнервирани од сложноста на каурите, кои веднаш се повлекоа зад некој џамлак.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не ти личи тебе каурин да бидеш и да ги немаш сите права што Турците ги имаат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)