касни (несв.)

Такви сме ние, помислував, се качуваме секогаш во возот за кој се знае дека касни, а за долгото возење и за задоцнувањето на целта ја прогласуваме виновна судбината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Простете, се плашам дека ќе ве изненадам. Ми касни вниманието.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Изненадувачки е тоа што и покрај немањето доволно финансиски средства, односно нередовната исплата и каснењето на платите, меѓу вработените во ССМ имаше одлична комуникација и работата течеше прилично добро.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Чоекот надлежен за мењавање вода сигурно го стрефило пролив па каснеше цели 20 минути.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
По доаѓањето на директорската позиција на наведениот господин – започна драстичното кршење на работничките права, каснењето со исплатата на платите, како и неплаќањето на придонеси за ПИО.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
13. Оваа година прв пат не ме касна комарец. Не е на арно.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Автобусот каснеше десет минути. Задоволна и уморна седнав на клупата и запалив цигара. Ѝ заблагодарив на госпоѓата што ми ги причува торбите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)