касапница ж.

касапница (ж.)

Многупати татко му го скаруваше за дека се забавал в град и не идел да му помага во работата; арно ама Силјан беше фатил еден лош пат, тики ич не го слушаше татка си и мајка си, што ти велат вај, бај да не се настрви пес на касапница, да после мачно е да се одучи.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Токму ни требаше. Се изморивме, ама добра касапница направивме.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се делат во групи и одат на линија, на касапница.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гледаш: рака овде, нога онде, црева, оголени коски. Касапница.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ех, мили деца! Ви велам, што беше тоа една касапница- ...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Таму како се колеше, пилиња мои! Касапница, касапница!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа било голема касапница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Митралезот е буцнат в земја со прелапнат реденик под капакот, а околу него само мртви. Касапница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
-А, бре, куче се откачува од касапница?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа лежеше таму, и нешто во неа веруваше дека времето не е само бескрајно самоуништување, дека универзумот, сиот тој простор што се протега околу нас до точката непоимлива за нас, не е само една огромна касапница.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Наликуваше на вработен во касапница чијшто работен ден бил исполнет со завидни деловни успеси.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)