кантина ж.

кантина (ж.)

МАРИЈА: Ќе ручаш? СТЕВО: Јадев ќебапи во Кантина. МАРИЈА: Ти немаш куќа?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Нашла работа во една кантина, веројатно како садомијачка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со топла и ладна вода за миење. Со добро снабдена кантина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Проголта уште еден оброк без секаков вкус во кантината, побрза во Центарот, зеде учество во свеченото глупирање на една „ дебатна група“, изигра две партии пинг-понг, проголта неколку чашки џин и отседе половина час на предавањето насловено „ Ангсоц и односот спрема шахот“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најпосле реши дека најбезбедно место е кантината.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од визбите беа донесени душеци и распослани насекаде по ходниците, а оброците се состоеја од сендвичи и кафе „Победа“, што на колички ги разнесуваа вработените во кантината.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)