кани св. и несв.
канија ж.
канибал м.

кани (св. и несв.)

Деветъ си сестри канило, Десета сестра не кани, Десета сестра коприна.
„Мисли за болгарскїй-отъ ѧзикъ“ од Партениј Зографски (1858)
Канејќи нѐ бочвата сите на свадбена вечер — врие од виното таа.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Си каниле некоја куќа сватови кај Божина и чекаат во неделата да им дојдат сватовите со зетот за да ја земат Босилка.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Сега ќе се женам и на свадба ќе те канам. Ама да ми дојдеш!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
По добрата вечера и уште подоброто пиење, за кое време Пере постојано ги канеше сватовчините со познатите негови зборови: „Повелете, браќа, како во своја куќа, од своја мака!“ — зетот Крсте ја наду и гајдата од Перета, која секогаш беше готова да проквичи, штом ќе дојдеше некое весело друштво.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Бино пак го покани сега нему да му се предаде како пред дванаесет тринаесет години што го канеше да му се предаде на мудурот, бидејќи сега тој седеше на тој стол, но тоа само го налути Јована, та за инает на Бина реши да се предаде, но не нему, ами направо на окружниот началник во Битола.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
— Бујрум, бег, бујрум, повелете! — ги кани Лесната на прагот од својата ниска куќичка и вика по сина си Стојана да запали борина, оти веќе и мракот падна.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Шефот Џемал- ага, е задоволен од неговата штедрост. На чај го кани.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бидејќи беше пладне, оџите на минарињата викаа и ги канеа верниците на молитва.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Споулавен цртеж Сѐ се канам, сѐ се канам, кон твоето око свртен, да ти кажам што сѐ стана на некаков детски цртеж...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
И старата бука го избрка, и ниските грмушки кои често го канеа да се лулее на нивните гранки го избркаа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога се правеше гробот, кога ќе почнеа темелите да му се копаат, да се поставуваат темелници на споменикот, се канеа сите блиски и роднини на покојникот, како куќа да се прави: се колеше јагне или овен, се редеше главата во темелникот, се правеше ручек, се викаше попот, и тука заедно со мајсторите се јадеше, се пиеше; пред тоа, попот Матлија со крстена водица ќе го осветеше гробот, ќе му пееше молитва, ќе фрлаше поглед на плочите и камењата стокмени за споменикот, ќе ги пофалеше мајсторите што ги делкале, домаќинот што стокмил пари за споменикот, а потоа, сиот измастен од месото што го дрпаше, го поземаше бинлакот со вино и долго го држеше на устата како да го подува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И бабари не поминаа. Немаше ни кој да го разгази снегот, ни зошто да го разгазува. Остана само ״фати глувче за опавче, фрли го во јазон и кани му од газон“ .
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По ослободувањето на Битола, на една игранка во Офицерскиот дом, сите да ме канат, а јас да не знам да одбијам, да запрам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ако се вратиме, вели Коста, дамите канат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите илјади и уште триста илјади играчки, што врвулат таму далеку зад нив, поклонувајќи се, канеа со насолзени очи: - Еве сум, земи ме, колку сакаш, играј ме....
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Подзабавуваа со поставувањето на масата со надеж дека сепак некој, макар и случајно, ќе намине да направи здраво-живо со нив, само кој ти доаѓа на ручек ако претходно не е канет?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Лектира кнезу Репнине пукната калино во мозокот црвено во копнежот се всадуваш прибираш сѐ што е светло безграничен меѓу корици мирисаш на бебе те канам чај да се напиеме зимата да ја згаснеме небаре жед ти седумдесет и шестата јас тебе да те видам меѓу луѓето немаштија во мене исто така - има што да видиш дождот се самоубива кога врне за да постои мора да врне зли абери како метафори ме следат ѝ се ближи крајот на неизвесноста репнине литературо!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Пред некој ден пак ми се јавува залудниот баџанак, којшто очигледно фатил дебела бусија во некоја скопска биртија, па ме кани да му се придружам преку два континента.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Дрвената порта ја отвори ширум и со обете раце нѐ кани да влеземе в куќи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи