калинка ж.

калинка (ж.)

Шеесет дена и шеесет ноќи траеше тој пат, од тргнувањето до враќањето, и јас ослабев сосем, кожата ми се затегна врз коските од телото, стапалата ми распукаа како калинки и крвавеа кога стигнав во Дамаск, на пазарот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Распукнуваш како... како... како зрела калинка!“ се насмевна Томе.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Бележи како душата со леснотија се сели во други суштества: калинки, полжави, јајца, афион, бубачки и особено во ...птици.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Киоскот со цигари и весници е отворен, лебот е дојден од градот, а на пазарчето се продаваат домати како јаболчиња, распукани смокви, презреани краставици и модри патлиџани како дебели краставици, динчиња колку тупаници и калинки колку динчиња, прави пиперки како скротени риби и по некоја шарена лубеница долга како тиква за печење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Направивме богат појадок. Сугариња, калинки и риби смокви, вино и ракија.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ѕиркаа смарагдните зрнца од напукнатите калинки.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Миризбата на јасминовите цутови, бојата на портоколавите и лимонови цветови, зреењето на калинките, играта на морските бранови во близината ме пренесуваа во еден свет на кој физички му припаѓав, но не и целосно емотивно, духовно.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
длабоки ископини леи нива сепак ровови железни птици бучава луѓе зелена боја лице маслинови гранчиња чизми шлемови куќарки вреќи песок писок на деца на жени плач делови екстремитети старци глави прошетка без тело мршојадци храна конзерви знамиња шарени искинати ветер вее чад пламен чад пламен куклен театар отсечени глави поле посеано мини калинки оловни зрнца искинати страници свети книги молитвеници љубовни писма парички објективи камери од небото бомби микрофони од небото храна гребаници лице исекотини раце истуткани фотографии плускавци стапала урнати мостови нејасен шуштеж радио станица не музика нејасни наредби пеплосани амајлии урнати мостови немој! немој! бело знаме Тресна на подот и повеќе не гледаше никакви слики.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Земјата дише ко ранлива калинка.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК